Македонија
М-р фарм. Славица Тодоровска од „Хемофарм“ порачува: Не смее да ве боли
Во 21 век секој пациент има право да ги минува деновите во мир, без болка, без разлика колку е тешка или напредната болеста.
Понекогаш болеста носи силна, долготрајна болка поради која се губи сонот, а животот се претвора во страдање. Ако болката трае подолго од три месеци, се нарекува хронична болка.
„Важноста на лекувањето на болката произлегува од фактот дека болката е најчеста причина за посета на лекар. Хроничната болка, која погодува околу 20 отсто од светската популација, се јавува кај голем број состојби, како што се ревматски и невролошки заболувања, дијабетес, СИДА, малигни заболувања и многу повеќе. Најчесто хроничната болка трае подолго од 6 месеци и не само што предизвикува физичко страдање и оштетување на физичкото здравје на пациентот туку има и негативно влијание врз психичкото здравје и квалитетот на животот“, објаснува м-р фарм. Славица Тодоровска, менаџер на „Хемофарм“ во Македонија.
![]()
Нашиот народ е навикнат долго време да страда од болки, а хроничната болка сè уште недоволно се лекува кај нас иако активно работиме на следење на современите трендови во терапијата со болка (на пример, во цела Србија се формирани клиники и кабинети за терапија на болка).
Во кои услови е неопходна терапија на болката?
„Секогаш кога има силна болка. Болката може да биде акутна или хронична. Акутна болка се јавува во случај на траума или по операција. Од друга страна, причините за хронична болка може да се разликуваат. Болката може да настане поради спазма на скелетните мускули, како, на пример, болка во вратот или грбот, а разликуваме и невропатска болка, болка како важен придружник на хронични, воспалителни и дегенеративни состојби, како во случајот со остеоартритисот. Третманот на болката од рак бара посебно внимание. Современата фармакотерапија на болката подразбира употреба на лекови што се карактеризираат со висок степен на ефикасност, со прифатлив безбедносен профил“, вели м-р фарм. Тодоровска.
![]()
Една од најчестите хронични болки е невропатската болка, која погодува околу 10 проценти од светската популација. Како се создава?
„Патофизиолошките механизми на нејзиното појавување се многубројни. Невропатската болка може да биде предизвикана од инфекции, како што е инфекција со херпес зостер, потоа исхемија кај пациенти со дијабетес кога се јавува болна дијабетична полиневропатија. Оваа болка може да биде предизвикана и од траума, оштетување на ‘рбетниот мозок, хируршки интервенции, невротоксини, зрачење, хемотерапија. Пациентите ја опишуваат како силна болка во вид на жарење, печење, трпнење“, објаснува нашата соговорничка.
![]()
Дали невропатската болка денеска поуспешно се лекува?
„Новите генерации лекови значително го олеснуваат лекувањето на невропатската болка дејствувајќи каузално и симптоматски. Еден од новите лекови за третман на умерени до тешки акутни и хронични болки е ‘тапентадол’, кој има нов начин на дејствување. Во споредба со другите опиоидни аналгетици, тој има помалку гастроинтестинални и ЦНС-несакани ефекти, така што неговиот безбедносен профил е висок. Пациентите, како и другите лекови, не смее да го земаат сами, туку само според упатствата и советите на лекарот.
Пациентот денес не смее да трпи болки. Тој има право деновите да ги минува во мир, а не во страдање“, нагласува м-р фарм. Славица Тодоровска од „Хемофарм“.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.

