Бизарно
Анализа покажа дека близначки имаат различни татковци
Судската постапка за исплата на алиментација за близначки завршил во американското гратче Патерсон сосема неочекувано, откако ДНК анализата покажала дека тужениот маж е татко само на едно од девојченцата.
Судијата на вишиот суд во округот Пасејик, во сојузната американска држава Њу Џерси, пресудил дека мајката на близначките родени во јануари 2013 година може да побарува алиментација од тужениот за само едно дете и ја одредил во износ од 28 долари неделно.
Ретко се случува жена да роди близнаци од различни таткови, меѓутоа тоа е можно кога жената има сексуален однос за време на овулација со двајца мажи во кус интервал меѓу 48 и 72 часа. Жената изјавила дека имала односи со двајца мажи во текот на седум дена.
Во американската судска практика, инаку, ова е трет ваков случај. Претходно вакви случаи со двојно татковство на близнаци се регистрирани на судовите во сојузните држави Колорадо и во Њујорк.
Овој феномен научниците и лекарите го утврдија во 1970 година. Но тој е многу редок што еден од водечките експерти за ДНК анализа во САД, Карл-Ханс Вурцингер од познатата лабораторија „LabCorp“, вели дека на суд се пријавуваат само шест вакви случаи годишно. Тоа произлегува и од зголемениот случај медицински техники за вонтелесно оплодување, додава.
Во 1997 година, стапката на инциденца на близнаци од различни татковци бил еден наспроти 13.000 случаи на проверувано татковство, или 0,008 отсто, велат американските експерти, споредувајќи го овој феномен со истовремено паѓање на две топчиња во дупка за голф. Не постои база на податоци за ваквите случаи, меѓутоа експертите сметаат дека овој феномен е во пораст со современите техники на репродукција./крај/мф/сн
Извор: northjersey.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Бизарно
Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа
Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.
Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.
Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.
Бизарно
(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр
На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.
Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.
Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.
Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.
Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.
Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.
Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.
ALERTE – Des militantes pour le climat jettent de la soupe sur le tableau de La Joconde au musée du Louvre. @CLPRESSFR pic.twitter.com/Aa7gavRRc4
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) January 28, 2024
Бизарно
УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена
Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!
Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.
Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.