Спорт
Јувентус и Ливерпул одбележуваат 37 години од трагедијата на „Хејсел“
Јувентус и Ливерпул денеска ја одбележуваат 37-годишнината од трагедијата на стадионот „Хејсел“ во Брисел, кога на 29 мај 1985 година се играше финалето на Европскипт куп помеѓу двата клуб и во кој животот го загубија 39 навивачи на италијанскиот клуб.
Еден час пред стартот на големото финале, навивачите на Ливерпул ги нападнаа навивачите на Јувентус, пробивајќи ја оградата која ги делеше од „неутралната зона“, по што навивачите на италијанскиот клуб беа притиснати кон ѕид, кој потоа колабираше. Мечот и покрај трагедијата се одигра и Јувентус стигна до 1:0 победа. 14 навивачи на Ливерпул беа осудени за убиство од небрежност и добија по шест години затвор.
Трагедијата исто така предизвика суспензија на англиските фудбалски клубови од УЕФА, која беше крената пред сезоната 1990/91. Ливерпул беа исклучени дополнителни две години.
Remembering Heysel, 37 years ago today. https://t.co/7XJYJsTswW pic.twitter.com/ON7b7yjeID
— JuventusFC (@juventusfcen) May 29, 2022
Liverpool FC remembers the 39 football fans who lost their lives at Heysel Stadium in Belgium on this day 37 years ago.
— Liverpool FC (@LFC) May 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот му одговори на Салах: Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб
Мохамед Салах не е во тимот на Ливерпул кој ќе игра против Интер во вторник. Таква можност претходно ја најавија англиските медиуми откако Салах отворено го нападна клубот и тренерот Арне Слот за време на викендот.
Слот, се осврна на коментарите на Салах додека зборуваше на прес-конференција пред натпреварот со Интер во Милано. На прашањето што мислел Салах кога изјави „дека клубот го фрлил под автобус“, Слот одговори:
„Мо е единствениот што може да одговори на тоа. Можам да шпекулирам, но не мислам дека би било исправно во моментов. Тешко ми е да кажам кого и што мисли. За да коментирам за тоа, треба да знам што мислел. Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб. Кога играч ќе каже такви работи, мора да реагираме како клуб. Како што можете да видите, тој не е тука.“
„Дали комунициравме? Му кажавме дека не патува со нас. Тоа беше единствената комуникација од нас до него“, додаде тој и продолжи:
„Дали нашиот однос е нарушен? Не се чувствувам така, но тој има право да се чувствува така. Воопшто не се чувствував така до сабота навечер, тоа е сигурно. Играчите обично не се однесуваат добро кога се лути затоа што не играат, но тој беше почитуван од целиот персонал и своите соиграчи, тренираше напорно, па бев изненаден кога ги слушнав неговите коментари. Мојата реакција на нив е јасна, фактот дека тој не е со нас ви кажува сè.“
Foto/ EPA
Спорт
„Граѓаните“ можат да ја одредат судбината на Чаби Алонсо
Реал Мадрид долги години не се соочил со ваква криза. Поразот од Селта беше повик за будење за раководството на клубот, со цел да се најде излез од оваа ситуација.
Постојат две причини. Првата – слабата игра на фудбалерите, кои на теренот не личеа на група врвни професионалци и поради нивниот однос со тренерот Алонсо. Реал на последните пет натпревари во Примера има само една победа, три нерешени и пораз.
Како што известува „Марка“, иднината на Чаби Алонсо би можела да биде одредена од натпреварот против Манчестер Сити. Според овој извор, Флорентино Перез има две опции за негова замена, Зинедин Зидан и Јирген Клоп.
Тие двајца изгледаат како нереални цели, но кога се работи за Реал се е можно.
Foto/ EPA
Спорт
Терим е прескап, Клинсман не сака, Недвед го повика Славен Билиќ
Хрватскиот фудбалски стручњак Славен Билиќ е главен кандидат за функцијата селектор на чешката репрезентација, објавија денес локалните медиуми.
Билиќ, кој е без работа во струката од летото 2024 година, откако се раздели со Ал Фатех и работеше на серијата „(Не)успех на шампионите“), е високо на листата на желби на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Чешка.
Директорот на репрезентацијата, Павел Недвед, претходно го разгледуваше Фати Терим, но турскиот тренер беше оценет како прескапо решение.
Потоа, преговори беа водени и со Јирген Клинсман, кој не покажал интерес за позицијата.
Медиумите известуваат дека Билиќ наскоро би можел да започне разговори со челниците на Сојузот, а одлука за новиот селектор се очекува во текот на следната недела.
Чешката репрезентација ќе се обиде да се квалификува за Светското првенство преку баражот. Во полуфиналето од плејофот, нивен ривал е Република Ирска, а во евентуалното финале, ги чека победникот од натпреварот меѓу Данска и Македонија.
Тимот ќе го предводи тренерот на Славија Прага, Јидрих Трипишковски, кој потврди дека нема амбиција да остане тренер по овие натпревари. Славија објави дека не очекува негово трајно заминување од клубот.
Foto/ freerangestock

