Спорт
Бостон ја доби мајсторката во Мајами – Селтикс и Вориорс ќе се борат за НБА-титулата
Кошаркарите на Бостон Селтикс изборија пласман во финалето во НБА-лигата. Селтикс во Мајами ја доби мајсторката против Хит со 100:96. Селтикс за титулата ќе се бори со Голден стејт Вориорс, кој во пет натпревари го елиминираа Далас.
Бостон во Мајами играше против најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната и против традицијата. Првпат по 1974 година Селтикс доби мајсторка во финалето кога играл на гостински терен.
Селтикс водеше и го контролира резултатот во текот на целиот натпревар. На почетокот на вториот дел Мајами беше блиску до пресврт, уште еднаш Хит се врати во четвртата четвртина кога разликата беше еден посед, а Селтикси се најдоа во проблеми на крајот од мечот кога Мајами се доближи на два поена негатива со серијата од 9:0.
Потоа Мајами доби уште една шанса по промашувањето на Маркус Смарт. Џими Батлер имаше шут за израмнување, но го промаши. Смарт потоа погоди две слободни фрлања и така го постави конечниот резултат.
Во решавачкиот меч во Мајами, Бостон до победата го предводеше Џејсон Тејтум со 26 поени и 10 скока, односно Џејлен Браун и Маркус Смит со по 24 поени. За МВП на финалната серија е прогласен Тејтум. Тој ја доби наградата Лери Бирд, која се доделува од оваа година. Кај Мајами се истакнаа Џими Батлер со 35 поени и Бем Адебајо со 25 поени и 11 скока.
Селтикс 17 пати бил шампион во НБА-лигата, последен пат беше во финалето на НБА пред 12 години кога беше поразен од Лејкерси во седум натпревари. Голден Стејт е во потрага по седмата титула, а последната ја освои во 2018 година. Во 2019 година го загуби финалето од Торонто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Австрија оди на СП, Босна и Херцеговина во плејофот
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина не успеа директно да се квалификува за Светското првенство во 2026 година. Во последното десетто коло од европските квалификации, тие долго време водеа, но на крајот ремизираа со Австрија во Виена (1:1). Австријците ќе играат на Светското првенство по 1998 година
БиХ по 12 минути игра ја оствари целта, постигна гол за 0:1, прегу Табаковиќ кој најдобро се снајде во мешаницата пред голманот Алекс Шлагер.
Како што се очекуваше, Австрија потоа нападна и ги притисна Босанците пред нивниот гол. Постигнаа гол во 43-та минута, но беше поништен поради фаулот што го направи Лајмер на зачетокот на акцијата.
Во вториот фел првата замена на Ралф Рангник беше Михаел Грегорич, и токму тој постигна гол дваесет минути по влегувањето во игра. Слично како и Табаковиќ во 12-та, тој најдобро се снајде пред голот на Василљ цво 78-та минута.
Австрија ќе игра на Мундијалот, а Босна и Херцеговина, која се бореше до последната секунда ќе игра во баражот.
Спорт
(Видео) Катастрофа од игра и катастрофален пораз – Македонија прими седум гола од Велс
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа дебакл во Кардиф против Велс (7:1), во натпревар од последното коло во Ј групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Од оваа група директен пласман на Мундијалот избори Белгија, Велс го освои второто место и ќе игра плејоф за пласман на СП. Во баражот, но преку Лигата на нации ќе оди и Македонија.
Се до вечерва две години Македонија немаше пораз во официјален натпревар (Лига на нации и квалификации се СП). Крај на успешната низа дојде на „Милениум“ стадионот во Кардиф.
Македонија одигра лош меч, одбаната беше катастрофално лоша, а со исклучок на голманот Димитиревски, не се прославија ниту останатите фудбалери. Поразот оди и на душа на селекторот Благоја Милевски, кој целосно ја промаши тактиката.

Со исклуок на голот на Миовски во 23-та минута и мини притисокот во последните три минути од првиот дел, кога Македонија изведе три корнери, а Барди имаше опасен шут од слободен удар, Македонија беше невидлива на теренот.
Во победата на Велс блескаше фудбалерот на Фулам, Хари Вилсон со хет-трик, а по еден гол Брукс, Џонсон, Даниел Џејмс и Бродхед.
Спорт
Леброн нема да игра на ОИ, Кари се сомнева дека ќе игра во Лос Анџелес
Четирикратниот најкорисен играч (MВП) на американската професионална кошаркарска лига (НБА) и репрезентативец на Соединетите Американски Држави (САД) Леброн Џејмс објави дека нема да игра на следните Олимписки игри во Лос Анџелес.
„Веќе го знаете мојот одговор. Ќе ги гледам“, рече 40-годишниот Џејмс во подкастот „Mind the Game“, објави „ESPN“.
Џејмс освои златни медали со репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз, Лондон и Пекинг, како и бронза на Олимписките игри во Атина.
Во истата епизода од подкастот се појави и двократниот MВП на НБА и сонародник на Џејмс, Стивен Кари, кој рече дека има „силни сомнежи“ дека ќе настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес.
„Со Божја помош, сè уште имам избор и физичка опција каде што можам да направам влијание врз тимот. Никогаш не вели никогаш, но многу се сомневам во тоа. Многу се сомневам во тоа“, рече 37-годишниот Кари, чии Олимписки игри минатата година беа негови први.
Џејмс и Кари заедно освоија златен медал на Олимписките игри во Париз, каде што репрезентацијата на САД ја победи репрезентацијата на Србија во полуфиналето, а во финалето ја победи Франција.
Олимписките игри во Лос Анџелес се закажани од 14 до 30 јули 2028 година.

