Спорт
Перишиќ на лекарски во Лондон, повторно ќе соработува со Конте

Хрватскиот ветеран Иван Перишиќ како слободен играч ќе се пресели од Интер во лондонски Тотенхем. Перишиќ прв пат во кариерата ќе игра во Премиер лигата, досега има настапувано во Франција, Белгија, Германија и Италија.
Иван Перишиќ, претпладнево пристигнал на медицински прегледи во Лондон, а потоа ќе стане нов играч на Тотенхем.
Хрватот ќе биде првото засилување за Тотенхем пред новата сезона. Тој ќе ја обнови соработката со Антонио Конте, со кого соработуваше во Интер кога тимот ја освои Серија А минатата сезона.
Последните сезони инаку се многу успешни за Перишиќ бидејќи тој беше на позајмица во Баерн во сезоната 2019/20 кога Баварците ја освоија Лигата на шампионите.
Перишиќ во кариерата настапувал за Сошо, Бриж, Дортмунд, Волфсбург, а во Интер дојде во 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финска како Македонија во 2011, ќе се бори за медал на Евробаскетот

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79).
Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија.
Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се очекуваше од нив, додека Финска играше во својот препознатлив ритам и заслужено славеше на крајот.
Финците во првиот дел го наполнија кошот на Грузија, постигнаа 57 поени, погодија 10 тројки од 15 обиди.
Во вториот дел Грузија успеа да фати приклучок, во последниот период влегоа со негатива од девет поени, се дболиѓија на на шест разлика, но тогаш Гога Битадзе направи неспортски фаул, беше исклучен бидејќи веќе имаше техничка. Од тој напад Финците постигнаа пет поени, а во следниот Литл погоди неверојатна тројка од осум метри.
Грузија повеќе немаше сили да се врати во мечот, а на три минути до крајот исклучен беше и Токо Пенгелија.
Финска ја предводеше Микаел Јантунен со 19 поени, Лаури Марканен додаде 17, а искусниот Сасу Салин 14, погоди четири тројки од шест обиди. Збирно Финците на овој меч погодија 17 тројки од 31 шут.
Кај Грузија се истакнаа Сандро Мамукелашвили со 22 поени, Токо Шегелија со 19. Разочара Американецот Болдвин, постигна два поени од линијата за слободни фрлања, од поле не погоди ниту еден од дветте шутеви.
Foto/ EPA
Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.