Спорт
Селекторот на Бугарија побара помош од фановите за дуелот со Македонија

Фудбалската репрезентација на Бугарија е првата пречка на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Селекторот Јасен Петров побара помош од фановите, да ги наполнат трибините на дуелот в четврток во Разград и да им помогнат на фудбалерите да стигнат до позитивен резултат.
„Посакувам полни трибини за дуелот со Македонија. Очекувам навивачите да бидат тука за нас и да не бодрат во тешките мигови. Овие фудбалери го заслужуваат тоа“, изјави Јасен Петров.
Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија е закажан за 2 јуни, со почеток во 18 часот на стадионот на Лудогорец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алкалоид-АЕК нема да се игра вечерва – Грците под закана од своите навивачи одбија да излезат на теренот

Финалниот реванш во ЕХФ купот меѓу Алкалоид и АЕК не започна. Грчките ракометари одбија да излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“ бидејќи нивните навивачи не биле во салата.
АЕК успеа да Европската ракометна федерација (ЕХФ) да и приреди уште еден циркуз. Првиот пат во Белград, против Партизан им помина. И тогаш не излегоа на теренот, тврдеа дека нема услови да се игра. На крајот ЕХФ реши мечот да се игра на неутрален терен во Бугарија, без публика. Грчкиот тим по изведувањето пенали избори пласман во финалето.
Првиот меч во Атина, Алкалоид убедливо го доби 29:25. Се претпоставуваше дека Грците повторно ќе се обидат да исценираат нешто. Тоа и се случи, но сега ЕХФ не треба да падне на нивните финти.
„Натпреварот вечерва нема да се одигра, АЕК нема да излезе на терен. Ќе чекаме пнатамошни инструкции што со ќе биде овој натпревар. Добивме информација дека екипата на АЕК не сака да го одигра натпреварот“, рече официјалниот спикер.
„Имавме сигнали во текот на денот, уште од 10 часот кога се одржа ехничкиот состанок. Клубот и МВР донесоа одлука, бројот на влезници за гостите да биде 200. Навивачите на АЕК допатуваа во Скопје, тие им поставија ултиматум на клупските леници дека ќе трпат последици, ако излезат на теренот. Раководството на АЕК поради тоа не дозволи играчите да се појават на теренот. Ракометарите на АЕК имаа и солзи на очите, но не смееја против одлуката на управата“, рече за МРТВ претставникот на Алкалоид, Зоран Цветановски.
ЕХФ во овој случај треба експресно да реагира, а епилогот треба да биде само еден. Натпреварот да биде регистриран со службени 10:0 за Алкалоид и трофејот да им биде врачен на играчите на Кирил Лазаров.
Спорт
Гудуриќ херој, Фенербахче ја освои Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче го победија Монако 81:70 и втор пат во клупската историја ја освои титулата во Е вролигата.
Турскиот клуб со брилијантна партија во второто полувреме дојде до највредниот клупски трофеј во европската кошарка.
Монако подобро влезе во натпреварот, рано имаа играчите на Спанулис предност од девет поени, но целосно потфрлија во финишот на втората и стартот на третата четвртина.
Монако шест ипол минути не постигна коша од игра, Фенер направи серија 15:1 и тука ја најави победата.
Во вториот дел се „појави“ Марко Гудуриќ, кој постигна 17 од своите 19 поени. Најефикасен со 23 поени беше Најџел Хејс-Дејвис. Двоцифрени кај Фенер беа и Вејд Болдвин и Девон Хол со по 13.
Шарунас Јасикевичиус им се приклучи на великаните Светислав Пешиќ, Лоло Саинц и Арменак Алачачан. Литванецот успеа да ја освои европската титула и како играч и како тренер.
Спорт
Играчите на АЕК не сакаат да излезат на теренот

Одложен е почетокот на реваншот меѓу Алкалоид и АЕК. Се очекуваше некаква провокација од грчкиот табор и таа дојде уште пред натпреварот да започне.
Грчките ракометари не скаат да излезат на теренот се додека нивните навивачи не влезат во салата „Борис Трајковски“.
Челниците на АЕК една ваква игра веќе одиграа во полуфиналето, против Партизан. Тогаш тврдеа дека нема услови за игра во Белград, не излегоа на теренот и на крајот издејствуваа мечот да се игра на неутрален терен без публика. На крајот во пенал серијата изборија пласман во финалето.
Инаку, Алкалоид првиот меч во Атина го доби со 29:25 и се наоѓа на чекор до трофејот во ова натпреварување.