Економија
Втор ден од Скопје економски финансиски форум – СЕФФ 2022
Енергија и зелена транзиција, инфраструктура, поврзаност и трговија, финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност, нови предизвици за добро владеење и човечкиот капитал во 21 век, се темите на кои ќе дебатираат учесниците денеска на вториот ден од Скопје економски финанискси форум – СЕФФ, што го организира Министерството за финансии.
Почетокот на вториот ден ќе го означат претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери, а главни говорници ќе бидат Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој, и Лилјана Павлова, потпретседателка на Европската инвестициска банка.
Во првиот панел од вториот ден панелистите ќе дебатираат за намалување на влијанието од загадувањето врз здравјето и животната средина и креирање стратегии и политики.
Во вториот панел ќе се разговара за развивање на инфраструктурата и услугите што се зелени, остварливи, отпорни, добро управувани и може да поттикнат одржлив развој.
Учесниците во третиот панел ќе се осврнат на нови алтернативни инвестициски инструменти и поголема употреба на технологијата во финансиите.
Владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, професионалниот, ефикасен и непристрасен судски систем како клучни предуслови за заштита на човековите права и креирање окружување што овозможува раст е тема на четвртиот панел од вториот ден од СЕФФ и последниот панел е посветен на човечкиот капитал како главен двигател на продуктивноста, конкурентноста, иновациите, долгорочните изгледи за раст и намалувањето на сиромаштијата.
Ова е втора Годишна конференција на Министерството за финансии во рамки на СЕФФ, на која покрај нобеловецот Пол Кругман, учествуваат креатори на политики од регионот, високи претставници на меѓународни финансиски институции, претставници на бизнис-секторот, експерти и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

