Спорт
Мане и Баерн си подадоа рака – Сенегалецот прифатил тригодишен договор

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане и минхенски Баерн договориле тригодишна соработка, објави новинарот Давид Оскоп. За 30-годишниот сенегалски репрезентативец интерес покажаа и ПСЖ и Барселона, а клубот од „Енфилд“ немаше ништо против искусниот фудбалер да остане во црвениот дрес.
Англискиот и германскиот гигант преговорите околу трансферот на Мане ги започнале вчера., дополнува новинарот.
Во 2016 година Мане се пресели од Саутемптон во Луверпул во трансфер вреден 41.200.000 евра. Сенегалецот постигна 120 гола во дресот на Ливерпул и забележа 48 асистенции на 269 натпревари.
Неговиот договор со „црвените“ истекува на крајот на следната сезона.
Баерн пред неколку дена потврди дека го ангажирал Нусаир Мазрауи од Ајакс, а наскоро договорот ќе го потпише неговиот соиграч од холандскиот тим Рајан Гравенберг.
Sadio Mane has agreed a three year contract with Bayern Munich. PSG and Barcelona were also interested. He has spoken directly to Julian Nagelsmann. Now up to clubs to agree a fee. Liverpool and Bayern Munich began official talks yesterday.
— DaveOCKOP (@DaveOCKOP) June 1, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Премиерлигашите потрошија рекордна сума пари за засилувања во летниот преоден рок

Откако Лидс потпишаа договор со играчот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од англиската Премиер лига ова лето достигна рекордни 2,37 милијарди фунти, објави Би-би-си.
Вкупната потрошувачка на клубовите од Премиер лигата го надмина рекордот од 2,36 милијарди фунти поставен во летото 2023 година. Шест клуба ги срушија сопствените рекорди, вклучувајќи ги:
Брентфорд, кој плати до 42,5 милиони фунти за Данга Уатара од Борнмут, додека Борнмут плати 34,6 милиони фунти за Бафоде Диаките.
Новопромовираните Барнли и Сандерленд, кои платија 25 милиони фунти за Лесли Угочукву и 26 милиони фунти за Хабиб Џара (до 30 милиони фунти со бонуси).
Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд двапати, за Дан Ндоје од Болоња и Омари Хичисон од Ипсвич (37,5 милиони фунти).
Ливерпул плати 100 милиони фунти за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во јуни, со можни 16 милиони фунти во бонуси, што ќе стане британски трансфер рекорд, соборувајќи го претходниот рекорд на Челзи од 107 милиони фунти за Енцо Фернандез во 2023 година.
Десет дена до затворањето на преодниот рок, се очекува рекордната потрошувачка на Премиер лигата да биде уште поголема.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
(Видео) Како правилно се изговараат презимињата на фудбалерите на Манчестер јунајтед

Правилното изговарање на имињата на фудбалерите често е проблем за коментаторите на натпреварите, но и за сите фанови на оваа игра.
Со оглед на тоа дека во секој јазик постојат правила, но и исклучоци при изговарање на букви, слогови и зборови, најточниот изговор на имињата можат да го дадат самите фудбалери.
Полека станува пракса клубовите да поставуваат видеа во кои самите играчи ги изговараат своите имиња за пошироката јавност да знае како да ги изговара.
Еден од клубовите што одлучи да го направи тој потег е Манчестер јунајтед. Интересно е да се слушне како се изговараат поединечните имиња и презимиња на фудбалерите на „црвените ѓаволи“.
Така во краткото видео, може да се слушне дека презимето на новото засилување од Брентфорд не се изговара „Ембумо“, туку „Мбумо“.
Во приложеното видео, можете да слушнете и дека Матијс де Лихт се изговара „Матхајс де Лихт“.
Спорт
Ветеранот Матиќ го засили Сасуоло

Поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ кариерата ќе ја продолжи во редовите на Сасуоло.
Според добро информираниот инсајдер, новинарот Фабрицио Романо, српскиот играч за врска потпишал едногодишен договор со Сасуоло, со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година.
Матиќ има 37 години, а во текот на кариерата играл за Колубара, Кошице, Челзи, Витезе, Бенфика, Манчестер Јунајтед, Рома, Рен и Олимпик Лион.
Неодамна, спогодбено се раздели со Олимпик Лион и како слободен играч се пресели во Сасуоло.