Македонија
Петровска во Белата куќа на средба со Советот за национална безбедност на САД
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Белата куќа имаше средба со Аманда Слот, Директор за Европа; Дејвид Фабрицки, Директор за НАТО и европски прашања и Адмир Музурович, Директор за Балкан и Централна Европа при Советот за национална безбедност.
На средбата стана збор за севкупната безбедносна состојба на европскиот континент, која бара единство, сојузништво и брза и ефикасна интеграција. Министерката Петровска порача дека токму процесот на европска интеграција стана безбедносно прашање од највисок приоритет при што ја поздрави силната американска поддршка за неодложен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ.
„ Прашањето на почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, особено во денешната безбедносна реалност во Европа е прашање од највисок приоритет. Европа и НАТО мора да останат обединети во осудата на руската агресија врз Украина и мора да работат на уште посилна интеграција на земјите кои ги споделуваат истите вредности. Северна Македонија со фактот дека е целосно усогласена со Европската надворешна и безбедносна политика покажа дека е вистински партнер и дека својата иднина ја гледа во Унијата“, рече министерката.
Петровска подвлече дека позитивна одлука за почетокот на преговорите е потребна веднаш, зашто на тој начин ќе се зацврсти безбедноста на регионот како важен геополитички дел на Европа, ќе се оневозможи влијанието на трети земји во Западниот Балкан и ќе се зачува кредибилитетот на ЕУ.
Во таа насока, на средбата стана збор и за справувањето со хибридните закани, вклучувајќи ги и дезинформациите кои можат да имаат дестабилизирачки ефект во општествата во регионот.
Директорката Слот изрази силна и непоколеблива поддршка за европската интеграција на Северна Македонија, за која рече дека не треба да трпи понатамошно одлагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

