Црна хроника
Кривична за две лица од Кочани кои неовластено тргувале со отпад
Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со Државен инспекторат за животна средина до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против: О.Т.(44), правно лице од Кочани и Н.Н.(22) од Кочани во својство на одговорно лице во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Загрозување на животната средина со отпад“ по член 230 став 3 од Кривичен законик.
Имено, прво и третопријавените, во име на второпријавениот правен субјект во периодот од 17.02.2022 година до 13.04.2022 година на инсталација лоцирана на ул. „Индустриска“ бб во Кочани, неовластено тргувале со отпад без да поседуваат дозвола за управување со отпад издадена од стручен орган Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постапиле спротивно на Член 64 став 1 од Законот за управување со отпад (Сл.Весник на РСМ 216/21 од 17.09.2021 година) и за период од два месеци оствариле противправна имотна корист од 1,587,642 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од село Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Љ.Д. од село Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Вчера уапсени седум лица: возеле без возачка дозвола, а двајца од нив биле малолетници
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола.
Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.

