Црна хроника
Шест казни за вршење меѓународен превоз без лиценца
Во близина на граничниот премин Табановце од 21 до 03 часот утрото биле фатени шест комбиња кои вршеле јавен меѓународен превоз на патници без лиценци.
Според информациите, се работи за возило “мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.А., во кое се превезувале осум патници, возило “пежо партнер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано до Л.А., во кое се превезувале тројца патници, возило “фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.П., во кое се превезувале осум патници, возило “фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.П., во кое се превезувале осум патници, возило “мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.А., во кое се превезувале осум патници и возило “фолсваген каравел“ со италијански национални ознаки, управувано од Б.М.(со регулиран престој во Италија) во кое се превезувале шест патници.
Од страна на полициските службеници од ОГРМ во соодејство со Државен инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски преземени се соодветни мерки и активности, возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни пријави:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена тврди дека поранешниот партнер ја натерал да земе кредити за него, а потоа не ги плаќал ратите и ѝ се заканувал, полицијата во Охрид постапува
Во Охрид, полицијата спровела службен разговор со 40-годишен маж од Гевгелија, по пријава на неговата поранешна 47-годишна партнерка, која тврди дека тој се однесувал агресивно кон неа и ѝ упатувал закани.
Жената во пријавата навела и дека поранешниот партнер ја измамил, убедувајќи ја да земе кредити на нејзино име за него, а потоа одбивал да ги плаќа ратите.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против мажот.
Црна хроника
Млади лица приведени во Аеродром и Центар оти се однесувале агресивно со полицајци
Полицијата во Скопје во неделата (9 ноември) привела две лица кои агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
На подрачјето на општина Аеродром, бил приведен Ф.Ц. (28) од Скопје, а во Центар, полициските службеници го привеле и А.М. (24) од Скопје, поради истата причина.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Скопјанка пријавила напад и закана со оружје, нејзиниот партнер тврди дека таа фрлала предмети кон него
Партнери од Скопје меѓусебно се пријавиле за напад и закани.
Прво, во неделата (9 ноември) околу 12:30 часот, 38-годишна жена пријавила во полиција дека нејзиниот 45-годишен партнер претходната ноќ, околу 00:30 часот, во неговиот дом во скопско ја нападнал со тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје.
Неколку часа подоцна, околу 15:50 часот, истиот маж се појавил во полициската станица и поднел пријава против својата партнерка, тврдејќи дека и тој бил нападнат, при што таа фрлала предмети кон него и оштетила дел од покуќнината.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

