Европа
Захарова за забраната за летање на Лавров: Вие сте себични!

Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија небото за авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, со што затворија уште еден канал за комуникација, изјави портпаролката на Министерството, Марија Захаровa, нагласувајќи дека Москва не е таа што ја прави новата железна завеса, туку дека Европа е таа што ја опкружува Русија.
Захарова за италијанскиот телевизиски канал „Ла7“ изјави дека земјите што ја опкружуваат Србија го затвориле каналот за комуникација не дозволувајќи прелетување на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвувал да ја посети Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
„Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Земјите членки на Европската Унија и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација“, рече таа нагласувајќи дека Русија нема намера да ја крева железната завеса, туку дека тоа го прави Европската Унија, пренесува „Спутник“.
„Железните завеси нема да бидат, на крајот на краиштата, од наша страна, не треба да се грижите. ЕУ е таа што ја штити Русија. Вашите грешки се во тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас нема други народи на светот. Немате морално право некого да научите нешто“, рече Захарова.
„Ројтерс“ во неделата вечерта, цитирајќи го „Интерфакс“, објави дека посетата на Лавров на Србија е откажана откога земјите околу Србија го затвориле својот воздушен простор за неговиот авион.
Извор од руското Министерство за надворешни работи го потврдил пишувањето на српските медиуми, во кои се наведува дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот што требаше да го пренесе Лавров во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.