Македонија
Нови 135 заразени од коронавирус, нема починати
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена, од 3.6 до 5.6.2022, направени се 2.257 теста, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – по 2, Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (135), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 164 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 121, Битола – 19, Штип – 4, Прилеп – 3, Кавадарци, Куманово, Неготино, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Тетово, Кочани, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 3 до 5.6.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.257 теста преку: ИЈЗ-288, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–93, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-45, Биотек-87, Систина-54, лабораторија Лаор-31, Синлаб-18, Ремедика-11, Плодност-12, Генеа-16, Никоб лаб-141, ВФВ медикал-26, Ели медика плус-35, Ројал медика–3, Спектра-ММ-8, Рапид лаб–12, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–5, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.128.
Досега во земјата се направени вкупно 2.060.554 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.292, бројот на оздравени пациенти е 302.508, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 475.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147.158, Активни 311
Куманово 16.677, Активни 5
Битола 15.686, Активни 38
Прилеп 14.219, Активни 8
Тетово 13.482, Активни 6
Кавадарци 10.695, Активни 11
Велес 9.799, Активни 10
Гостивар 9.610, Активни 5
Охрид 8.935, Активни 30
Штип 8.077, Активни 13
Струмица 8.076, Активни 3
Кичево 5.652, Активни 2
Кочани 5.096, Активни 5
Струга 4.728, Активни 1
Гевгелија 4.423, Активни 1
Неготино 3.697, Активни 7
Ресен 2.751, Активни 1
Свети Николе 2.635, Активни 2
Радовиш 2.531, Активни 0
Крива Паланка 2.418, Активни 0
Делчево 1.986, Активни 1
Берово 1.691, Активни 9
Дебар 1.678, Активни 2
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.394, Активни 2
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 739, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга
Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето на водата во градскиот водовод, која тој лично ја ангажирал.
Тој изјави дека Општината презема мерки за надминување на проблемот поради кој жителите веќе една недела не можат да ја користат водата, која од чешмите тече заматена и со темнокафеава боја, поради што е забранета за пиење и употреба.
Македонија
Јаневска: Јавната дебата за Законот за високо образование не е завршена
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека јавната дебата за Законот за високо образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите.
Одговарајќи на новинарско прашање на традиционалната прослава по повод празникот Свети Трифун на Опитното поле на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Јаневска рече дека сѐ уште не е завршена јавната дебата и најави дека од следната недела, по договор со универзитетите, Министерството ќе оди во нивна посета на јавна расправа.
– Сè уште не е завршена јавната дебата, сè уште очекуваме забелешки. Ние добиваме на ЕНЕР, добиваме и преку мејлот, но очекуваме и универзитетите официјално, на било кој пат, да ги достават своите интегрирани забелешки, бидејќи делот не се повторува. Сè што сметаме дека е разумно ќе биде прифатено. Сè што сметаме дека можеби ќе претставува проблем ќе биде дискутирано. Тоа значи средба на Министерството за образование и наука со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе ги дискутираме спорните членови, и гледам дека во најголем број нема никакви забелешки. Спорни остануваат неколку членови за кои треба да се договориме и да дискутираме, рече Јаневска.
Вели Македонија веќе нема време за просечни и потпросечни резултати.
– Потенцирам, ние веќе немаме време да си играме со образование и наука. Немаме време за просечни и потпросечни резултати кои нè доведуваат во оваа ситуација. Мора да тргнеме напред. Министерството и законски и финансиски поддржува напредок, рече Јаневска.
На традиционалната прослава, претходно, Јаневска им го честиташе празникот на граѓаните, особено на земјоделците, лозарите и овоштарите, и изрази поддршка за Факултетот за земјоделски науки и храна.
– Ние, како Влада, ќе ги поддржуваме ваквите проекти и ваквата активност, бидејќи цениме дека немаме веќе време за просечни и потпросечни резултати, рече Јаневска.
Македонија
Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите, велат од ССМ
Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги посочи Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Според индикаторот за бруто домашен производ по одработен час, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Пресметано на месечно ниво, со просечни 168 работни часови, еден работник создава 297.024 денари економска вредност.
Наспроти тоа, нето минималната плата во државата изнесува 24.379 денари, што значи дека работник кој зема минимална плата добива само 17 проценти од вредноста што ја создава.
Од ССМ оценуваат дека распределбата на создадената вредност е „непропорционална и неправедна“, при што најголемиот дел завршува во профит, инвестиции, амортизација, даноци и други капитални трошоци, а не кај работниците.
-Очигледно е дека обидите да се сопре растот на минималната плата не произлегуваат од продуктивноста на работниците, туку од тоа колку се богати газдите и функционерите на сметка на работничкиот труд, наведуваат од ССМ.
Според синдикатот, продуктивноста на македонските работници е повисока од онаа во дел од земјите во регионот, како Црна Гора, Србија, Босна и Албанија, а блиску до нивото на Бугарија. Сепак, минималната плата во Македонија останува значително пониска од повеќето соседни земји.
ССМ заклучува дека работниците се експлоатирани, а ваквата состојба, според нив, е поддржана од страна на работодавачите и институциите, нагласувајќи дека во државата постои економски простор за поголем раст на платите.

