Црна хроника
Скопјанец нападнат од соседот

Триеседгодишен маж бил нападнат од страна на негов сосед по претходна распарвија.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во близина на угостителски објект на подрачје на Центар.
„На 5 јуни во 14.15 часот во Полициска станица Центар, Ј.Д. (30) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од негов сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени пијани возачи од Битола и Демир Хисар: едниот со возилото удрил во банкина

Вчера во 16:40 часот на експресниот пат Прилеп-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.П.(40) од Битола.
Тој, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки удрил во банкина, а по извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,83 промили алкохол во крвта.
Утрово во 00:12 часот на ул. „Битолска” во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Ц.(47) од Демир Хисар.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „голф” со демирхисарски ознаки, кое го управувал В.Ц., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.60 промили алкохол во крвта.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од КЗ – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.
Црна хроника
Уапсен Британец на охридскиот аеродром: во неговата чанта пронајдени куршуми

Вчера во 09:45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Џ.Б.(40) од Велика Британија.
При гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени три куршуми и четири чаури.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.