Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу четири возила кај Прдејци, едното возило побегнало, има и повредени
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот А-1, во правец од с. Прдејци, Гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозникот кај Негорци.
Во несреќата учествувале патничко возило, кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М. Ќ. (30) од с. Прдејци, патничко возиситроен“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р. Ј. (27) од Гевгелија.
Во несреќата тешки телесни повреди добила М. Ќ., возач на возилото „фолксваген голф“, констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.