Контакт

Црна хроника

Кривични пријави за вработени во охридската општина за штета од пет млн. денари

Објавено пред

Поднесени кривични пријави против 11 вработени во локалната самоуправа во Охрид и против раководителот на трговско друштво за градежништво-групација „Денесовски“. Сите заедно ја оштетиле општината за околу пет милиони денари.

dobivaj vesti na viber

Вработените во локалната самоуправа во 2008, 2009 и 2010 година злоупотребувајќи ја службената положба и овозможиле на фирмата „Донесовски“ да наплати околу пет милиони денари за незавршени работи.

Службениците од општината и овозможиле на групацијата да поплочува тротоари и пешачки патеки во Охрид и селото Пештани, иако имало веќе објавени тендери, потоа и овозможувале да изведува работи спротивно на договори и вон тендерска постапка, да доставува фиктивни фактури, а потоа да ги наплаќа од општината.

Во 2010 година, раководителите на одделенијата за сообраќај и за комунални дејности во локалната самоуправа во Охрид му дозволиле раководителот на „Денесовски“  да биде избран и да изврши поплочување на тротоарите на улицата  „Марко Нестороски„ во Охрид, кои претходно биле поплочени од друга компанија во 2007 година.

За истата улица, во 2008 година, иако не била дел од тендерската документација и склучени договори, за наводно поплочување на 690 м2, биле доставени фактури во вкупна вредност од 528.828 денари.

Истата групација, во 2010 година добила дозвола за поставување на вкупно 1430 м2  црвени бекатон плочки на улицата „Даме Груев“ и истите да ги фактурира по цена од 800 денари за м2, што било спротивно на тендерскиот договор, според кој, тротоарите, требало да се поплочат со бекатон плочки во натур сива боја по цена од 480 денари.

„Со тоа, на пријавениот С.Д. и неговата групација за градежништво, им овозможиле да се стекнат со против-правна имотна корист од 457.600 денари. Пријавениот С.Д. во текот на 2009 и 2010 година, во четири деловни книги-фактури, испоставени од неговата групација за градежништво, до општината Охрид, внел невистинити податоци и со свој потпис и печат, ги заверил и изготвил, како да биле изведени градежни работи, иако истите, никогаш не биле извршени.  По тој основ, со исплата на средства од локалната самоуправа, по наведените фактури, С.Д. остварил против-правна имотна корист од 745.393 денари а на штета на буџетот на општина Охрид“ соопштуваат од МВР./крај/со/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Почината жена пронајдена во куќа во Струга

Објавено пред

Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.

dobivaj vesti na viber

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче

Објавено пред

Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.

dobivaj vesti na viber

Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица

Објавено пред

Од

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.

dobivaj vesti na viber

Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.

Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.

Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ11 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија11 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија13 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија14 часа

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија14 часа

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ14 часа

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа15 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет16 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа16 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет17 часа

(Видео) Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет17 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет17 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија1 ден

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија1 ден

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија1 ден

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ1 ден

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија1 ден

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...