Спорт
Бугарија не успеа да победи во Гибралтар, домашни победи за Грција и Косово

Наредниот противник на Македонија во оваа фаза од Лигата на нации, Гибралтар успеа да го освои првиот бод во Групата 4. Гибралтар успеа да одигра 1:1 со репрезентацијата на Бугарија. Во Групата 2, домашни победи забележаа Грција над Кипар, односно Косово над Северна Ирска.
Бугарите ја продлабочија кризата во која се наоѓа фудбалот во оваа земја, откако не успеаја да го победата аусајдерот во групата.
Имаа водство Бугарите од финишот на првиот дел кога Минчев успеа да погоди. Предноста ја чуваа до 61.минута, Гибралтар доби пенал, а Вокер го израмни резултатот.
Групата 4 ја предводи Грузија со максимални девет бода, Македонија има четири, Бугарија два, а Гибралтар еден бод.
Во Групата 2, Грција лесно се справи со Кипар. Грците имаа предност од 2:0 по првите 20 минути, со головите на Бакасетас и Павидис, а конечните 3:0 ги постави Лимнос во 48.минута.
Косово за малку од готово ќе направеше вересија против Северна Ирска. Косово имаше предност од 3:0, Муричи и Битичи погодија за 2:0, а во 45.минута резултатот го намали Лејвери.
Со својот втор гол Муричи ја врати предноста од два гола, која Ирците ја намалија во 83.минута преку Балард.
По три кола во Групата 2 Грција има девет бода, Косово шест, а по еден бод освоија Северна Ирска и Кипар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на приказната, Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда

Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство.
Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува.
Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб.
Исто така и челниците на српскиот шампион го загубиле трпението, бидејќи планирале Тадиќ да го имаат во тимот за двомечот со Лех Познањ, во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
Финансиската понуда е добра, како и улогата во тимот, но Тадиќ одлучил дека нема потреба да игра за Звезда во кариерата.
Можно е Тадиќ да замине во Саудиска Арабија.
Спорт
Ненадејно почина Жорге Кошта, легендарниот капитен и икона на Порто

Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто.
Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години.
Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“.
Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил прогласен за мртов“. Поранешниот фудбалер доживеал срцев удар во 2022 година и бил подложен на катетеризација.
„Во текот на својот живот, на теренот и надвор од него, Жорге Кошта ги отелотворувал вредностите што го дефинираат ФК Порто: посветеност, лидерство, страст и непоколеблив победнички дух. Тој ги обележа генерациите навивачи и стана најголем симбол на клубот“, се вели во соопштението. „Никогаш нема да бидш заборавен, капитене“, соопшти клубот.
Спорт
Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот.
Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра.
Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во Милан.
Одигра 45 натпревари за српската репрезентација и постигна 11 гола.