Црна хроника
Трактор удрил во патничко возило и се превртел
Вчера во 19.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на ул.„14 Јуни“, трактор „имт-539“, управуван од Д.Т.(61) од Македонска Каменица, удрил во патничко возило „фиат“, со делчевски регистарски ознаки, паркирано од Д.Т.(57) и се превртел на коловозот.
Во незгодата со тешки телсни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.М.(55) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип.
Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.