Спорт
Леброн Џејмс откри што ќе прави по завршувањето на кариерата
Леброн Џејмс по завршување на играчката кариера не се гледа во улога на тренер. Не го интересира ниту позицијата на генерален директор, која неформално ја промовира секое лето кога неговите тимови го менуваат составот. Тој сака да биде исклучиво на врвот на пирамидата.
Во трејлерот за новата епизода од неговото ток-шоу „The Shop“, чија премиера ќе биде вечерва, најдобриот кошаркар на овој милениум во неколку наврати потврди дека сака да биде сопственик на клуб. Џејмс одамна ја откри својата амбиција да поседува НБА франшиза, а како што се приближува крајот на неговата играчка кариера, тие зборови добиваат се повеќе на тежина.
Сега тој прецизираше дека сака да биде сопственик на клуб во Лас Вегас, еден од најатрактивните американски маркети кој нема кошаркарска франшиза. Заедно со Сиетл, Лас Вегас според многумина е првиот фаворит за добивање на НБА тим, било со проширување на лигата или со преместување на постоечка франшиза.
Првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер, неодамна потврди дека лигата ќе се прошири порано или подоцна, но дека се уште нема конкретни планови. Сепак, Џејмс не зборува за блиска иднина, со оглед дека му претстојат уште неколку години од играчката кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челси ги згасна сништата на Тотенхем за пласман во ЛШ
Челзи го победи Тотенхем со 2:0 во одложениот натпревар од 26. коло на англиската Премиер лига. Со овој пораз Тотенхем речиси остана без шанси да дојде до четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем има седум бода помалку од Астон Вила на три кола до крајот на сезоната.
Челзи беше многу подобар тим во градското дерби, постигна голови на време и не им дозволи на Спарс да создаваат сериозни прилики. Во 24. минута Тревор Чалоба погоди со глава кога одлично реагираше на центаршутот на Конор Галагер.
До тој гол „сините“ имаа две шанси, а Тотенхем. Прво шанса пропушти Мудрик, а потоа Ромеро за Тотенхем.
Во вториот дел долго се чекаше на вистинска шанса. Во 72.минута Кол Палмер ја погоди пречката од слободен удар, а на топката налета Николас Џексон и го постигна вториот гол.
Спорт
(Видео) Црвена звезда повторно е шампион на Србија
Фото/ Starsport
Фудбалерите на Црвена звезда на четири кола до крајот на сезоната во Супер лигата на Србија, математички ја обезбедија шампионската титула, седма во низа и 35. во клупската историја.
Црвена звезда, во 33.коло на стадионот „Рајко Митиќ“ го совлада ТСЦ со 2:1. На четири кола пред шампионатот има недостижни 14 бода повеќе најголемиот ривал Партизан, кој во ова коло загуби на домашен терен од Војводина со 2:3..
Сите погодоци во на натпреварот во Белград беа постигнати во вториот дел, Олајинка погоди во 55.минута за 1:0, израмни Милосављевиќ пет минути подоцна. Во 75. минута Ндиаје ги постави конечните 2:1 за големо славје на црвено-белите.
Спорт
„Атаман повеќе да работи, помалку да зборува, Слукас нема самодоверба“
Пини Гершон,легенда на Макаби и европската кошарка, кој со Макаби ја освои Евролигата во 2004 и 2005 година, го критикуваше Панатинаикос и пред се тренерот Ергин Атаман.
Макаби води со 2-1 во четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата, а четвртиот меч се игра вечерва во Белград.
„Атаман зборува повеќе отколку што си ја врши својата работа како тренер. Разбирам дека е под голем притисок, но мислам дека за следната сезона е поблиску до Турција отколку до Грција. Не сакам да се мешам во политика бидејќи тоа се глупости“, вели 72-годишниот Гершон и додава:
„Тој и Димитрис Јанакопулос (сопственикот на Панатинаикос) ја измислија приказната за да ги стават судиите под притисок, но однесувањето на Панатинаикос во последните години не прави Евролигата да биде на нивна страна.“
На Гершон не му се допадна говорот на телото на Атаман ниту за време на третиот натпревар.
„Некои играчи на Панатинаикос не го сакаат за тренер. Во третиот натпревар седна на клупата, а тоа испраќа лоша порака до играчите. Тренерот секогаш треба да биде активен, за играчите да почувствуваат дека е присутен“.
Вејд Болдвин, кој не играше во третиот натпревар е неизвесен и за натпреварот број 4.
„Макаби е подобар тим со Болдвин, но покажаа дека се супериорни и без него. Ако се врати по четврти натпревар, тоа може да биде големо психолошко засилување за нив“.
Исто така, Гершон смета дека на Костас Слукас му недостасува самодоверба.
„Кошаркарите на Панатинаикос ја изгубија самодовербата, видов играч од 3,5 милиони евра без самодоверба. Слукас е искусен, но ја загуби самодовербата“, заклучува Гершон.