Црна хроника
Педофил нападнал малолетно дете во велешко

Десетгодишно дете од село Мелница било сексуално нападнато од тинејџер во велешко јави полицијата.
СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од село Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ . Пријавениот, во средата, околу 19 часот во село Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад.
После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал, а детето заминало дома. Од срам не кажало никому. Наредниот ден неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило.
Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесно на преглед во Судска медицина – Скопје .
Пријавеното лице е приведено во петокот, во 6.30 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Семејно насилство во Карпош, скопјанец го нападнал малолетниот син

Полицијата уапси жител на Скопје поради физичко насилство врз неговиот малолетен син.
Според информациите на МВР, вчера во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(41) од Скопје, по претходна пријава од неговата 40-годишна поранешна сопруга дека околу 00.30 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син, а му го скршил мобилниот телефон на другиот нивен малолетен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Загина мотоциклист на патот Делчево – Штип

Седумдесет и двегодишен жител на Оризари, кочанско загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Делчево – Штип.
Според информациите на МВР, вчера во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас.Оризари, кочанско.
Во несреќата на местото на настанот починал возачот на мопедот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Виничанец возел брзо под дејство на алкохол, без дозвола и со нерегистриран автомобил, приведен е

Полицијата на регионалниот пат Виница-Берово го приведе М.А.(55) од Виница. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
„По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница. При контролата е утврдено и дека сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено“, велат од МВР.
Се додава и дека притоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.