Спорт
Отфрлена тужбата за силување против Кристијано Роналдо

Судијката Џенифер Дорси го отфрли обвинението кое во 2018 година против Кристијано Роналдо го поднесе Кетрин Мајорга. Таа го обвини португалскиот фудбалер дека ја силувал во 2009 година во хотел во Лас Вегас.
Летото во 2009 година, Роналдо успешно го реализираше трансферот од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид. Трансферот Роналдо го прослави во ноќен клуб во Лас Вегас, каде Мајорга работеше како хостеса.
Да потсетиме, Мајорга ја загуби првата тужба поради недостаток на докази. Една година по наводниот инцидент, таа доби 300.000 долари во вонсудска спогодба од Роналдо за да не ги објавува обвиненијата јавно.
Сепак, инспирирана од движењето „Me Too“, тaa реши да поднесе тужба во 2018 година.
Судијата го отфрли обвинението, велејќи дека обвинението се заснова на украдени документи.
„Стекнувањето и понатамошната употреба на документите беа со лоша намера. Едноставната дисквалификација нема да ги излечи предрасудите кон Роналдо, бидејќи присвоените документи и нивната доверлива содржина се вткаени во суштината на нејзините тврдења“, рече Дорси.
Инаку, Мајорга во тужбата бараше обесштетување од 65.000.000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Нунез херој – Сити ја победи Астон Вила во 94. минута

Фудбалерите на Манчестер Сити ја победија Астон Вила со 2:1 во 34. коло од Премиер лигата.
Првиот меч од 34.коло донсе драматичен финиш и неочекуван херој на Манчестер Сити, Матеус Нинеш кој погоди за победа во 94.минута.
Момците во светлосини дресови брилијантно го отворија овој натпревар и поведоа со голот на Бернардо Силва во 7. минута. Само девет минути подоцна беше досуден пенал за гостите од Бирмингем по ВАР консултации, одговорноста ја презеде Маркус Рашфорд и изедначи на 1.1.
Сити доминираше на овој натпревар. Имаше многу поголем посед на топка, постојано напаѓаше и се обидуваше да постигне гол, а Мартинез брилијантно го запираше секој нивен обид.
По 90 минути игра, судијата Крег Паусон ја продолжи играта на уште 5 минути, а кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, тогаш Сити го зададе конениот удар.
Во 94. минута Матеуш Нунеш на асистенција на Доку му донесе победа на Манчестер Сити.
Сити скокна на третото место со 61 бод, еден повеќе од Нотингем Форест, два од Њукасл и четири од Челси и Астон Вила. Овое пет тима се борат за преостанатите три места во Лигата на шампионите.
Спорт
Роналдо ќе добие вистинско богатство со новиот договор

Кристијано Роналдо е на прагот да потпише нов договор со Ал-Наср, а медиумите открија дека Потугалецот ќе добие нестварна годишна плата.
Роналдо во јануари 2023 година потпиша за тимот на Ал-Насра и стана најплатениот играч во историјата на овој спорт. Досега не беа познати деталите од договорот понуден на Португалецот, а сега се знае и тоа.
На годишно ниво, Кристијано би заработувал над 171 милион фунти, што е околу 3,3 милиони фунти неделно.
🤯 Cristiano Ronaldo's rumoured new contract with Al-Nassr:
💰 Yearly: £171,500,000
💰 Monthly: £14,289,000
💰 Weekly: £3,298,000
💰 Daily: £471,000
💰 Hourly: £19,600
💰 Per minute: £327
💰 Per second: £5.45This is GOAT level money. 🤑🤑 pic.twitter.com/0OGeJ1VqYj
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) April 22, 2025
Спорт
Болдвин го реши Париз, Ернангомез со личен рекорд му пресуди на Ефес

Фенербахче и Панатинаикос со победи го отворија плеј-офот во Евролигата. Во драматични натпревари, Фенербахче го победи Париз со 83:78, а ПАО славеше победа над Ефес 87:73.
Избраниците на Тиаго Сплитер, Истанбул беа во мечот до последните секунди, но не успеаја да се одбраната од Вејд Болдвин.
Тајсон Вард со 19 поени (7/11 од поле, 3/7 за тројки) и пет скока го предводеше Париз, Надир Хифи постигна 21 поен,, Ти Џеј Шортс забележа 17 поени и седум асистенции.
Фенер имаше четворица „двоцифрени“ играчи – Болдвин даде 15, Најџел Хејс-Дејвис 14, Хол 13, Ерик Мекколум и Тарик Биберовиќ по 11 и Бонзи Кулсон 10.
ПАО успеа да ја прежеивее лошата партија на МВП на сезоната, Кендрик Нан погоди само четири пати од 15 обиди. Ефес блескаше три четвртини, неколку пати имаше предност од 12 поени, но играта на турскиот тим се распадна во последниот период во кој постигнаа само 11 поени.
На крајот преусди тројката на Грент на 30 секунди до крајот.
Хуанчо Ернангомес со рекорд во кариерата, 20 поени и 16 скокови и индекс на корисност 40 го предводеше ПАО. Кај Ефес Ларкин и Поарие постигнаа по 17 поени.