Црна хроника
Два автобуси и пет патнички возила вршеле меѓународен превоз без соодветна документација

На 10, 11 и 12.6.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничниот премин Табановце била извршена контрола на осум патнички возила и на два автобуса кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С.(45) од Струга и Р.Ш.(68) од с. Долна Бањица, Гостиварско, и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(37) од с. Јанче, општина Маврово и Ростуше, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Исто така, при контрола во патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(50) од Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(42) од општина Липково, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(38) од с. Ропаљце, општина Липково, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А.(29) од с. Мокриево, општина Ново Село и патничко возило „форд галакси“ со бугарска национална ознака, управувано од Д.Л.(30) од Свети Николе, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
При контрола во три патнички возила, двете со струмички регистарски ознаки, управувани од Ж.Ј.(37) од Струмица и од А.В.(31) од с. Василево, Струмичко, и едното со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(29) од Радовиш било констатирано дека имале поголема количина на багаж од предвидената.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.