Контакт

Надворешна политика

Иванов – Бечвар: Голема поддршка од Чешка за евроинтеграциите на Македонија

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вторникот оствари средба со генерал Јозеф Бечвар, началник на Вооружените сили на Чешката Република, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше изразено задоволство од одржувањето на дијалогот на високо ниво во сите сфери од заемен интерес, за што потврда е минатонеделната официјална посета на претседателот на Чешка, Милош Земан.

Иванов го истакна значењето на поддршката што Чешка го дава за евроатланските интеграции на Република Македонија, и изрази очекување дека истата ќе продолжи и во наредниот период.

„Очекуваме конструктивна поддршка во претстојниот период и отворено лобирање од Чешка во рамките на НАТО за што поскоро ефектуирање на поканата за членство на Република Македонија во Алијансата“, рече претседателот Иванов на средбата.

Двајцата соговорници се согласија дека од заеднички интерес е и интензивирањето на соработката помеѓу двете армии, преку воспоставување на поголема динамика во областа на одбраната./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа34 минути

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет3 часа

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа3 часа

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија5 часа

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија5 часа

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа6 часа

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија9 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ9 часа

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа10 часа

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија11 часа

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ12 часа

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет13 часа

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет14 часа

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет14 часа

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет14 часа

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...

Свет1 ден

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...

Економија1 ден

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати...

Македонија1 ден

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...