Спорт
Новиот газда на Челси вели: Њукасл ќе бидат дел од „големата седумка“
Новиот сопственик на Челси, американскиот миијардер Тод Бели вели дека „големата шестка“ во англискиот фудбал (Арсенал, Челси, Ливерпул, Ман сити, Ман јунајтед и Тотенхем) наскоро ќе стане „голема седумка“ откако Њукасл јунајтед минатата година беше откупен од инвеститори од Саудиска Арабија.
„Наскоро ќе имаме голема седумка со саудискиот договор со Њукасл. Мислам дека сите тие клубови ќе имаат шанса да ја освојат лигата“, вели Бели, кој преку компанијата „Клирлејк капитал“ го купи Челси од рускиот милјардер Роман Абрамович за 4.25 милијарди фунти.
Њукасл завршија на 11. место во Премиерлигата минатата сезона, откако новиот тренер Еди Хау успеа да ги „извади“ од борбата за опстанок, но се очекува наскоро да почнат големите инвестиции за засилувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Оскар се договорил со Сао Паоло
Еден од првите фудбалери што се пресели од Европа во Кина поради извонредната финансиска понуда се враќа во својата татковина.
По осум години поминати во Азија, Оскар ќе се врати во Бразил, поточно во Сао Паоло.
Поранешниот играч на Челзи се пресели во Кина од „Стемфорд Бриџ“ пред осум години, во своите најдобри играчки денови и форма. Многумина тогаш беа шокирани од оваа вест, но Оскар добро го наплати престојот во Кина.
Поранешниот бразилски репрезентативец стана легенда на Шангај, за кого настапуваше осум години. Пристигна во рекорден трансфер од 60 милиони евра и од првиот момент се истакна по квалитет. Со Шангај три пати беше шампион на Кина.
За осум години оствари приход од околу 200 милиони евра.
Оскар наводно би требало да се врати во Сао Паоло, а договорот би бил потпишан на три години.
Фудбалерот од средниот ред кариерата ја започна во Сао Паоло, потоа се пресели во Интернасионал, а играше за Челзи од 2012 до 2017 година. За репрезентацијата на Бразил забележа 48 настапи и постигна 12 гола.
Спорт
Фјури нема намера да се пензионира
Тајсон Фјури доживеа пораз од Олександр Усик во реваншот во борбата за најдобар боксер во тешка категорија.
Украинецот победи со едногласна одлука и потврди дека моментално е подобар боксер од Фјури. По мечот започнаа шепекулациите дека ова може да биде негово збогување со боксот.
Сепак, Британецот веднаш излезе со демант.
„Не е готово“, накратко изјави тој за британските медиуми.
Веќе се шпекулира дека негов следен меч би можел да биде против Ентони Џошуа за статусот најдобар тешкаш во Велика Британија.
„Тоа ќе биде најдобрата борба во историјата на британскиот бокс. Еден меч на Вембли, еден во Ријад. Тоа е планот“, изјави Еди Херн, менаџерот на Џошуа.
Спорт
Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи
Двајца затвореници побегнаа од затворот во Пикасент, 15 километри од Валенсија, во саботата навечер, искористувајќи ја еуфоријата предизвикана од гледањето фудбалски натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид на телевизија.
Затворениците избегале по ноќното пребројување, кое се случува околу 21 часот, што се совпадна со почетокот на дербито од шпанската лига меѓу Барселона и Атлетико.
Затворениците ја искористиле вревата и метежот предизвикан од натпреварот, објави денеска шпанскиот јавен сервис ТВЕ, повикувајќи се на неименувани извори од затворот.
Двајца затвореници ги скршиле решетките од својата ќелија, се спуштиле со врзани чаршафи и избегале од затворскиот комплекс.
Затворскиот синдикат изјави за новинската агенција ЕФЕ дека бегството на двајцата е резултат на пропуст на безбедносниот систем во затворот во Валенсија, еден од најстарите во Шпанија. Синдикатот повика на ангажирање на дополнителни чувари.
Затворската служба отворила истрага, а полицијата трага по бегалците, чиј идентитет не е соопштен, ниту зошто издржувале затворска казна.
Фудбалот е најпопуларниот спорт во Шпанија. Во саботата Атлетико го презеде првото место на првенствената табела од Барселона со победа од 2-1.