Спорт
Мане ги пакува куферите, се сели во Минхен
Садио Мане по шест години ќе го напушти Ливерпул. Сенегалецот кариерата ќе ја продолжи во Баерн од Минхен. „Скај Спорт“, објави дека Баварците ја подобриле понудата за Мане со што ги исполниле барањата на „црвените“.
Баерн за Мане ќе плати 32 милиони евра и 9 милиони бонуси, останува уште Мане да го стави својот потпис на договорот.
Договорот на Сенегалецот истекуваше на крајот на следната сезона, поради што сумата од речиси 50 милиони, за 30-годишен играч е преголема. Во Минхен веруваат дека Мане може да одигра на врвно ниво уште неколку сезони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Голманот на Волфсбург за Мекена: Не знам како тој игра во шпанската Ла Лига
Голманот на Волфсбург, Камил Грабара (25) по лошо се сеќава на стоперот на Лас Палмас, Скот Мекена (28). Грабара и Мекена беа соиграчи во Копенхаген, Данска, во втората половина од минатата сезона. Грабара се пресели во Волфсбург летото, а Мекена во Лас Палмас. Грабара им откри на данските медиуми дека Мекена е најлошиот фудбалер со кој играл во кариерата:
„Скот Мекена е најлошиот фудбалер што некогаш сум го видел во мојот живот. Тој сега игра за Лас Палмас. Не знам како. Тој е најлошиот фудбалер со кој сум играл и едноставно немав трпение за него“, рече полскиот голман и додаде.
„Имав ситуации на тренинг кога работевме некои вежби и тој тоа го правеше три пати на свој начин. Четвртиот пат му реков да не го прави така, а петтиот пат повторно го направи истото. Не можев да го поднесам. Имаше мали и големи расправии и јас едноставно не можев да издржам, а тој не се однесуваше со мене како со пријател, а тој беше единствениот со кој не сакав да тренирам и разговарам“.
Грабара од Копенхаген се пресели во Волфсбург за 13,5 милиони евра. Мекена во Копенхаген пристигна на позајмица од Нотингем Форест, а летово по истекот на договорот се пресели во Лас Палмас. За шкотската репрезентација има 39 натпревари и еден гол.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ заборавија да победуваат – Евертон освој бод на „Етихад“
Манчестер сити продолжува да тоне. Сити на Боксинг Деј не успеа да го победи Евертон, натпреварот заврши без победник 1:1 (1:1). Трагичар е Ерлнг Халанд, чии пенал го одбрани Џордан Пикфорд.
Факт за рубриката „верувале или не“ е дека Манчестер сити има само една победа, три нерешени и девет порази во последните 13 натпревари во сите натпреварувања.
За Сити натпреварот започна добро, бидејќи Бернардо Силва погоди во 14. минута за водство.
Но, еден гол не беше доволен да ја зголеми самодовербата, Евертон успеа да изедначи со голот на Ндиај во 36минута. е доволен за да се подобри самодовербата, а гостите од Ливерпул само придонесоа за нервоза кај домашните со израмнување во 36. минута.
Во 53. минута Сити доби пенал, но Пикфорд го прочита Халанд. До крајот Сити не успеа да создаде серизна шанса за гол, најдобрата можност ја имаше Рико Луис во финишот, но неговиот удар заврши над голот.
Спорт
Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници
Спорт Лаиф обложувалници успешно ја реализираа донацијата од 2 милиони денари за обнова на Одделот за абдоминална хирургија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Проектот, опфати комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите на површина од скоро 400 м2.
Обновата вклучуваше поставување на нови подови и тавани, како и целосна модернизација на електричните и санитарните инсталации во болничките простории. Со оваа интервенција, капацитетот на одделот е зголемен за 4 легла, со што сега одделот може да обезбеди соодветни услови за постоперативно лекување на 28 пациенти.
„Спорт Лаиф обложувалници се гордеат што имаат можност да дадат придонес во подобрувањето на условите за здравствена грижа во нашата заедница. Веруваме дека оваа донација значително ќе го подобри квалитетот на услугите што ги добиваат пациентите во одделот за абдоминална хирургија и ќе придонесе за нивното побрзо закрепнување“, истакнува Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф.
„Со поддршката на Спорт Лаиф Треид и нивната значајна донација, го реновиравме делот за постоперативна нега, овозможувајќи пристојни услови за третман и нега на хируршките пациенти. Проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди и понатаму претставуваат предизвик за во иднина. Во име на сите вработени, искрено ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка“ изјави д-р Небојша Настов, в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Спорт Лаиф обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка на заедницата преку проекти кои имаат реално и позитивно влијание врз животите на луѓето.
Во пресрет на новогодишните и божикните празници, традиционално, од страна на тимот на Спорт Лаиф, беа израдувани со новогодишни подароци, децата во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје и лицата од Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.
(ПР)