Спорт
Продолжува „обновата“ на Тотенхем под Конте – го потврдија пристигнувањето на Бисума
Тотенхем го комплетираа трансферот на фудбалерот од средниот ред на Брајтон, Ив Бисума за 25 милиони фунти, продолжувајќи ја „обновата“ на клубот под водство на менаџерот Антонио Конте.
25-гоишниот Бисума, репрезентативец на Мали, потпиша четиригодишен договор со лондонскиот клуб, за да стане третото засилување на Конте ова лето, по Иван Перишиќ и Фрејзер Форстер.
Бисума пристигна во Брајтон за 13 милиони фунти од Лил во 2018 година и ќе биде нова квалитетна опција во средината на теренот за Конте покрај Родриго Бентанкур, Пјер-Емил Хојбјерг и Перишиќ.
✍️ We are pleased to announce the transfer of Yves Bissouma.
Welcome to Spurs, Yves! ?
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шортс не успеа да спречи пораз на Париз од Црвена звезда
Ти-Џеј Шортс и екипата на Париз со пораз дебитираа во Евролигата. Актуелниот освојувач на Еврокупот загуби на домашен терен од Црвена звезда со 77:80.
Париз ја имаше контролата врз натпреварот две и пол четвртини, во еден момент предноста на домашните изнесуваше 13 поени, но и тоа не им беше доволно да забележат победа.
Шортс натпреварот го заврши со 16 поени, три скока и четири асистенции. Покрај Американецот со македонски пасош, двоцифрени во редовите на Париз беа Хифи и Ло со по 12, односно Хејс со 10 поени.
Кај Црвена звезда блескаше Немања Недовиќ со 21 поен за нешто повече од 21 минута, Кенан постигна 14 поени, Калиниќ и Мекинтаер по девет, првиот имаше и пет скока и три асистенции, вториот шест скока и седум асистенции.
Kalinaaaaaa 🔥🔥🔥#kkcz #WeAreTheTeam
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) October 4, 2024
Во вториот натпревар кој започна во 21 часот, Анадолу Ефес во Болоња го победи Виртус со 76:67. Во натпревар полн со пресврти гостите ги предводеа Отуру со 14 поени и девет скока, Брајант со 12 поени и пет скока, односно Ларкин со 11 поени, шест скока и три асистенции.
Кај Виртус се истакна Кординие со 16 поени. Поранешниот играч на Ефес, Клајбурн за 18 минути не постигна ниту еден поен, во статистиката запиша пет скока и една асистенција.
Спорт
Голем удар за Фенербахче, Вилбекин тешко се повреди
Кошаркарот на Фенербахче, Скоти Вилбекин се повреди во првото коло од Евролигата. Фенер со победа над Олимпијакос 82:71 ја започна новата сезона во елитното натпреварување.
Крајот на овој натпревар го одбележа расправијата меѓу двајцата тренери Шарунас Јасикевичиус и Јоргос Барцокас, кои имаа што да си кажат и за време на натпреварот.
На овој натпревар, поточно во втората четвртина, се повреди американскиот кошаркар со турски пасош Скоти Вилбекин.
Како што се стравуваше, повредата на Скоти Вилбекин е посериозна и тој ќе ја пропушти целата сезона 2024/25, пренесува новинарот Донатас Урбонас.
Тој вели дека се Вилбекин ги оштетил предните вкрстени лигаменти на коленото.
Спорт
(Видео) Лукаку со гол и две асистенции го водеше Наполи до триумф над Комо
Наполи со победата против Комо со 3:1 во натпреварот од седмото коло во италијанската Серија А ја зголеми предноста пред Јувентус на првото место на првенствената табела. За тимот на Антонио Конте погодија Скот Мектоминеј, Ромелу Лукаку и Давид Нерес, а за гостите од Комо, Габриел Стрефеца.
Наполи одлично го започна натпреварот. Шкотскиот играч за врска Скот Мектоминеј постигна гол во првата минута на асистенција на Лукаку. Гостите израмнија во 43. минута со голот на Габриел Стрефеца.
Во второто полувреме, Лукаку реализираше пенал за 2:1 во 53. минута, а потоа му асистираше на Давид Нерес во 86. минута за конечни 3:1, со што Наполи ја постигна петтата победа во новата сезона во Серија А.
Мектоминеј и Нерес ги постигнаа дебитанските голови во дресот на Наполи.
Тимот под водство на Антонио Конте е на врвот на табелата со 16 бодови, пред Јувентус кој има 12 бодови и натпревар помалку. Комо е на десеттата позиција со осум бодови.