Црна хроника
Приведен скопјанец кој се обидел да ја избоде својата партнерка

Струшката полиција го привела С.Р.(27) од Скопје затоа што физички ја нападнал и се обидел со остар предмет да ја повреди неговата 21-годишна невенчана сопруга.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот и по консултација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во полицијата вчера пријавени се уште четири други случаи на семејно насилство.
Како што информираат од МВР, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода А.Ф.(62) од селото затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на неговата 60-годишна сопруга.
Во вториот случај, полицијата од Тетово го привела С.С.(39) затоа што физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга.
Вчера, дваесет и петгодишна девојка била физички нападната од страна на нејзиниот свекор, додека во последниот случај жена со нож го нападнала својот сопруг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ограбени девојки во Струмица и Штип

Денеска во 02.15 часот во СВР Струмица, А.П.Д.(42) од Струмица пријавил дека околу 01.00 часот во Струмица, неговата малолетна ќеркабила физички нападната од едно машко лице, кое ѝ ја одзело чантата. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 13.15 часот во СВР Штип, Б.Л.(74) од Штип пријавил дека околу 12.00 часот во Штип, едно машко лице со употреба на физилка сила од неговата малолетна ќерка одзело пари.
Според надлежните, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Избодени малолетници на Бит Пазар

Денеска во 01.40 часот во СВР Скопје, Б.А.(38) од Скопје пријавил дека на 10.06.2025 околу 22.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал, од кои едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.
Според пријавеното, подоцна малолетниците им упатувале закани на двајцата, при што истиот малолетник нанел повреда со остар предмет и на Б.А..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за сума од над 200.000 денари: и кажале дека ќерка и прегазила дете во странство

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден била измамена од едно лице за сума од околу 232.000 денари.
Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во странска земја во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.