Црна хроника
Приведен избеган затвореник од Идризово

Избеган затвореник од Идризово, осуден за обид за убиство, бил приведен од „алфите” на 23 април на булеварот Југославија во Скопје, соопшти полицијата.
Кај приведениот Ејуп Б., на 25 годишна возраст, е пронајдено и огнено оружје – пиштол марка “Застава ТТ” кал.7,62 со рамка со пет куршуми што го поседувал без дозвола, по што е уапсен, приведен и предаден во ПС Кисела Вода.
Приведениот на 03 февруари 2009 година на ул.„Кемал Сејфула” со уште две лица од возило „голф” со автоматски пушки испукале неколку истрели во правец на возило „ауди” управувано од Н.Џ. (39) со намера да го лишат од живот со што сторил кривично дело – “убиство во обид”, а Н.Џ се здобил со тешки телесни повреди.
Во друг случај, „алфите” на 25 април во неговиот дом во с. Паничари, Скопје, го пронашле Исни Ј. (30) од Скопје, баран по наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје КУИКП од 06.03. оваа година за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело – “убиство”.
Тој е приведен и предаден во ПС Кисела Вода. Истиот со уште едно лице Самир Ј. (28) на 19. април 2004 година во село Буковиќ удирајќи го со 15 удари од пиштол по главата го лишиле од живот лицето Земри С. (19). /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.