Црна хроника
143 казни за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Вчера, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи, соопшти полицијата.
Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возел со 2,54 промила алкохол во крвта и поминал на црвено светло: уапсен маж од Кавадаречко

Утрово во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко.
На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта.
В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Бил затекнат додека палел сува трева: уапсен кумановец

Синоќа во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на ул. „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Сообраќајни несреќи во Македонија: седум лица со тешки повреди, возач во Тетово приведен поради алкохол

Во текот на вчерашниот ден, во неколку градови во Македонија се случија серија сообраќајни несреќи со тешки телесни повреди.
Во Куманово, околу 17:15 часот, мопед управуван од Ф.Т. (37) удри во пешакот М.Н. (66) на улица „Биљановска“. Пешакот со тешки повреди беше пренесен во Општата болница Куманово.
Во Штип, околу 09:45 часот, возачот Ѓ.Т. (27) изгуби контрола над патничко возило „Форд“ на регионалниот пат Штип–село Софилари и излета надвор од коловозот. Возачот е хоспитализиран со тешки повреди во Клиничката болница Штип.
Во Кочани, на кружниот тек кај улиците „Димитар Влахов“, „Бел камен“ и „Крижевска“, А.Ѓ. (29) падна од мопед „Априлија“ и со тешки повреди е хоспитализиран во Општата болница Кочани.
Во Свети Николе, околу 00:20 часот, возачот Д.Г. (25) изгуби контрола над патничко возило „Мерцедес“ и излета од коловозот. Негова сопатничка Е.Е. (24) со тешки повреди е пренесена во Клиничката болница Штип. Возачот е полесно повреден.
Во Битола, околу 15:22 часот, на кружниот тек кај улиците „Булевар 1 Мај“, „Марко Цепенков“ и „Девеани“, се случи судар помеѓу „БМВ“ управувано од А.А. (41) и мопед „Лонгија“ управуван од А.И. (22). Возачот и сопатничката на мопедот, С.И. (50), со тешки повреди се пренесени во Клиничката болница Битола.
Дополнително, во Тетово, околу 18:20 часот, на регионалниот пат с.Желино – с.Шемшово се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд“ управувано од Д.Н. (45) од с. Прељубиште и „Голф“ управувано од Е.А. (35) од с. Желино. Во несреќата, Д.Н. се здоби со тешки телесни повреди, додека Е.А. и сопатникот Е.С. се здобија со телесни повреди. Утврдено е дека Е.А. управувал под дејство на алкохол и е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик за загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Во сите случаи извршен е увид, а истрагите се во тек.