Регион
Американскиот генерал Данфорд во мисија на смирување на тензиите со Турција
Началникот на американскиот здружен штаб на вооружените сили, генералот Џозеф Данфорд, највисок американски офицер, во понеделникот во текот на посетата на Истанбул се обиде да ги ублажи тензиите со Турција, сојузничка во НАТО, која е гневна на Западот поради млаката поддршка на владата по неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули и колебањата на САД да го екстрадираaт исламистичкиот клерик Фетулах Ѓулен, кого турските власти го сметаат за одговорен за неуспешниот пуч и поткопувањето на турската држава.
Официјална Анкара последните две седмици во повеќе наврти ги обвини своите западни сојузници дека повеќе се загрижени за судбината на пучистите отколку за фактот дека тие се обиделе да соборат демократски избрана влада.
„Многу важно е САД, нашиот пријател и сојузник, да искажат јасен и решителен став во врска со обидот за терористички удар на нашата нација и демократија“, му кажал турскиот премиер Бинали Јилдирим на американскиот генерал Џозеф Данфорд.
Јилдирим, исто така, повторил дека Турција очекува дека Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, ќе ѝ биде предаден. Ѓулен, пак, повеќепати ја отфрли својата вмешаност во пропаднатиот обид за преврат, додека Вашингтон побара од Анкара да приложи „релевантни докази“ за неговата вмешаност.
Генералот Данфорд, главниот воен советник на американскиот претседател Барак Обама, го осудил пропаднатиот обид за воен удар и изјавил дека неговата посета претставува израз на солидарност, како и дека САД во целост ја поддржуваат турската демократија
Истовремено пред американската амбасада во Анкара се собраа неколку стотици демонстранти, кои му порачуваа на генералот Данфорд „да си замине дома“ и „да го предаде Ѓулен“.
Американскиот претседател Обама во меѓувреме изјави дека Вашингтон ќе го израчи Ѓулен само доколку Турција достави „уверливи докази“. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пак, порача дека државните институции ќе бидат „исчистени од карциномот наречен Ѓулен“.
Европската унија, како и САД, изрази загриженост поради „обемот на чистките“ во Турција по обидот за пуч. „Емоциите непосредно по обидот за воен удар се разбирливи, но сега сме сведоци на една низа од пучеви во Турција“, изјави за европските медиуми функционер во ЕУ, кој барал да остане анонимен./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

