Европа
Москва за Литванија: Ќе нè натераат да реагираме, ги поминаа сите граници
Литванија со забраната за транзит на стока по железница до Калининградската област покажува агресивно однесување, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, пишуваат руските агенции.
„Тие се однесуваат агресивно, ја преминаа границата, дури и ги надминаа рамките на однесување предвидени со меѓународното право. Се однесуваат агресивно и непријателски“, рече Захарова во емисијата „Соловјов во живо“.
Таа изјави и дека Литванија провоцира и дека овие провокации ќе ја принудат Москва да реагира на соодветен начин.
Нагласи дека мора да ја разберат сериозноста на последиците од забраната за транзит на стока во Калининградската област.
На 20 јуни Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Русија ги оценува како непријателски дејствата на Литванија, кои доведоа до блокада на железничкиот транспорт на одредени видови руски стоки до регионот Калининград и дека таквите мерки ги прекршуваат меѓународните обврски на Вилнус.
Претходно, литванската железница ја информира железницата во Калининград дека на 18 јуни ќе го запре транспортот на стоки, кои потпаѓаат под санкциите на ЕУ.
Гувернерот на Калининградската област, Антон Алиханов, изјави дека Русија размислува да одговори на одлуката на Литванија значително да го намали железничкиот транзит на товар до таа област од другите региони на Русија и дека одлуката е незаконска и може да има далекосежни последици за Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.
Европа
(Видео) Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч
Балистичката ракета што Русија ја употреби за напад врз градот Лавов синоќа се движела со брзина од приближно 13.000 километри на час. Информацијата е објавена на Фејсбук од страна на Западната воздушна команда, пишува „Украинска правда“.
Детали за нападот
Во официјалното соопштение се наведува дека нападот бил извршен врз инфраструктурни објекти.
Security camera footage which appears to capture tonight’s strike by a Russian “Oreshnik” Intermediate-Range Ballistic Missile (IRBM), equipped with a Conventional Multiple Independently Targetable Reentry Vehicle (MIRV), earlier against the Lviv Oblast of Western Ukraine. pic.twitter.com/LikuWRRgtS
— OSINTdefender (@sentdefender) January 8, 2026
„Во 23:47 часот на 8 јануари, непријателот извршил ракетен напад врз инфраструктурни објекти во Лавов, користејќи балистичка ракета. Ракетата се движела со брзина од приближно 13.000 км/ч по балистичка траекторија“, се вели во соопштението на Командата.
Тие додадоа дека точниот тип на ракета што се користела ќе се утврди дури по испитување на сите нејзини компоненти.

