Контакт

Регион

Путин и Пахор предупредија на проблемите на безбедноста и тероризмот

Објавено пред

Словенечкиот претседател Борут Пахор кој во саботата му беше домаќин на рускиот колега по должност Владимир Путин, на комеморативната свеченост кај ткн Руска капела на превојот Вршич во Јулиските Алпи, во спомен на загинатите руски и советски војници во текот на Првата и на Втората светска војна, во своите говори алудираа на актуелните безбедносни прашања во Европа и во светот.

dobivaj vesti na viber

Комеморативната свеченост кај дрвената капела која руските воени заробеници ја подигнале во 1916 година во спомен на повеќето стотици другари загинати во снежната лавина при градење на патот, присуствуваше со големи безбедносни мерки речиси целиот словенечки политички врва, гости од економските, политичките и општествени кругови, претставници на Руската и на Српската православна црква, и највисоките претставници на словенечката Католичка црква.

Меѓу околу трите илјади лица беа и словенечкиот премиер Мор Церар, претседателот на парламентот Милан Брглез, министерот за надворешни работи Карл Ергавец и повеќе други министри, повеќе парламентарци, поранешните претседатели Милан Кучан и Данило Турк, еден од кандидатите за нов генерален секретар на Обединетите нации кој, според словенечките медиум, наводно ја има и поддршката на Русија.

Медиумите го регистрираа и присуството на поранешната словенечка премиерка Аленка Братушек, додека некогашниот премиер и челник на опозицијата Јанез Јанша не одговори на поканата да дојде на собирот со рускиот претседател.

Свеченоста започна со руската и словенечката химна, со присуство на почесните стражи на словенечката и руската војска со надгробен споменик за загинатите руски војници, а по комеморацијата се одржа куса програма, и молитва за загинатите во светските војни.

Да се здружат силите против тероризмот и да се надвладее недовербата

Словенечкиот претседател Пахор, споменувајќи ги страшните последици од двете светски војни, изрази стравување дека на светот по двете војни и големите жртви може да му се закани „третата светска војна“ или некоја друга слична закана, особено нагласувајќи ги терористичките закани од коишто повеќе не е поштедена ниту Европа.

Светот се менува и денес е тешко класично да се разликува војна и други облици на закани како тероризам и друг форми на насилства, но против нив треба да се обединат сите сили и да се изнајдат иновативни начини за да им се спротистави, истакна Пахор додавајќи дека современиот тероризам денес им се заканува на Франција и на Германија, кои важеа како сигурни земји, но и на Русија на Блискиот исток и на целиот свет. Против него треба да се здружат сите слободољубиви сили и земји, без оглед на разликите кои постојат меѓу нив.

„Тоа не е, ниту ќе биде лесно, но потребен е постојан дијалог за да се надвладее недовербата“, истакна словенечкиот претседател, додавајќи дека „лудото насилство“ на современиот тероризам оправдано предизвикува огорчување меѓу луѓето, но и „непријатност“ во врска со иднината.

Во својот говор Путин во прв ред изјави дека ѝ се заблагодарува на „пријателска Словенија“, којашто, како што нагласи, секогаш гостољубиво ги прима гостите од Русија и го одржува пријателството на двата народа и историските традиции кои ги поврзуваат.

„Голема благодарност за Словенија и Словенците за сé што сторивте да се зачува споменот на руските жртви од војните и на сé што тие дале“, изјави Путин додавајќи дека руската црквичка на Вршич останува симбол на пријателството меѓу Русија и Словенија и нивните народи, како и на нивните „заеднички тежнеења за мир, благосостојба и просперитет“

Путин додаде дека и споменикот на руските и советските војници на љубљанските гробишта Жале потсетува на одлучувачката улога на Русија во ослободувањето на Европа од нацизмот.

Путин реле и дека Словенија и Русија споделуваат дел од заедничката историја и дека младите луѓе треба да бидат воспитувани и да бидат потсетувани на историските вистини во текот на нивното образование, за кај нив да не преовладуваат историските фалсификати, но и дека треба да бидат улени за потребата од соработка и јакнење на довербата во Европа и во светот.

„Искрена благодарноста на Словенија за грижливот однос кон нашата заедничка историја“, реле Путин кој во текот на својот говор повеќепати беше прекинуван со аплаузи од присутните. .

Словенечката државна телевизија во директен пренос ја следи посетата на Путин, што претходно се има случено само двапати во историјата, и тоа и двата пати при посетата на покојниот папа Јован Павле Втори.

По комеморацијата на љубљанските гробишта Жале, Путин се упати во резиденцијалниот комплекс Брдо крај Крањ, каде има средба „во четири очи“ со словенечкиот домаќин Пахор, а потоа ќе следи прес конференција.

На Брдо крај Крањ, според некои руски медиуми, предвидени се и разговори на државните делегации за билатералните и економски прашања, но според наводите на словенечкиот протокол денешната посета на Путин има приватна и пиетитна природа, па нема да се зборува пошироко за политичките теми, а нема да биде потпишен меѓународен договор.

Доаѓањето на Путин од утрото предизвика големи застои во сообраќајот во Словенија, но и во соседните земји, поради силните безбедносни мерки. Заминувањето на Путин се очекува во вечерните часови, по свечената вечера кој во неговата чест ја приредува Пахор./крај/мф/сн

Извор: STA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени

Објавено пред

Од

Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.

„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.

Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.

„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.

Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.

Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.

 

фото/ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран

Објавено пред

Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.

dobivaj vesti na viber

Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.

Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади

Објавено пред

Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.

Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.

Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија42 минути

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија1 час

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија1 час

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија2 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија2 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет5 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет5 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет6 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет7 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа7 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет7 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет13 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет13 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет14 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија16 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија17 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет18 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет19 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...