Македонија
Николоски: Владата итно да го отфрли предлогот од Париз со кој се прави бугаризација и уништување на Македонија
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, соопшти дека во рамките на Парламентарното собрание на Советот на Европа остварил многубројни средби на кои разговарал за позициите на Македонија.
„Она што ме загрижува во овие разговори е што многубројни соговорници прашуваат како е возможно македонската Влада да прифатила предлог што е крајно штетен за Македонија, што е најдобар доказ дека Владата на СДСМ и ДУИ, Владата на Ковачевски, дала согласност за последниот предлог што директно ја негира засебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик и ја брише историјата и практично значи бугаризација на Македонија. Значи дека Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ и нема да стане членка на ЕУ сè додека целосно не се бугаризира. Доколку тоа не се случи, Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Николоски.
Тој смета дека „презентирањето еден ваков предлог од страна на многу сериозна држава како Франција не може да помине без знаење и согласност и од Владата на Бугарија и од Владата на Македонија. И затоа исклучително многу загрижува молкот на Владата на СДСМ и ДУИ во однос на последниот предлог, што само го потврдува она што го слушнав деновиве во Стразбур, а тоа е дека Владата, за жал, дала согласност на овој предлог“.
„Ги повикувам јавно да излезат и да го кажат нивниот став во однос на предлогот, да го отфрлат предлогот затоа што тој е крајно штетен за Македонија и, пред сè, за Македонците како доминантен народ во Македонија и на тој начин да ги заштитат македонските национални интереси. Ако се прифати овој предлог, тој води кон уништување на Македонија ваква каква што ја познаваме. Овој предлог е дебакл за македонската дипломатија. И овој предлог не значи ништо друго, освен целосно исполнување на барањата на Бугарија. И затоа тој треба да биде отфрлен. Во однос на приказните дека Македонија ќе почне преговори со ЕУ, повторно се неточни затоа што предлогот јасно говори дека не може да почнат преговори додека не се смени Уставот на Македонија за што е потребно двотретинско мнозинство“, вели Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

