Македонија
Тренчевска: Заедно со меѓународните партнери и граѓанските организации градиме еднакво општество за сите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присутвуваше на настан организиран од УН-агенциите во земјата, каде што водено беше презентирана Анализата на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија – 2021 и беше претставена заедничката програма на ОН – „Од знаење и ангажман до зајакнување и учество“.
Таа се осврна на воспоставувањето на социјалните услуги во заедницата, каде што се јавуваат јавни и приватни даватели на услугите, како и дека досега се лиценцирани над 60 приватни даватели на социјални услуги, од кои повеќето се финансираат од буџетот на МТСП.
![]()
„Во владина процедура е третиот акциски план за деинституционализација, а се интензивира преселбата на корисниците од социјалните институции. Речиси 65 % од корисниците во Специјалниот завод во Демир Капија се преселени преку таквите социјални услуги за живеење со поддршка кај јавни и приватни даватели на социјални услуги. Истовремено, во подготовка е и проект за темелна реконструкција и модернизација на Заводот ‘Скопје’ (Топанско Поле), кој е замислен да биде центар за социјални услуги“, рече Тренчевска.
Посочи дека моментно функционираат 36 дневни центри за деца и лица со попреченост на територијата на целата држава, кои треба да се реформираат – да прераснат во даватели на современи индивидуални услуги, а не да обезбедуваат само дневен престој. Притоа ја потенцираше важноста да се работи на развивање вештини на оние што што ја користат услугата. Посочи и дека треба децата и возрасните да се одвојат затоа што работата со децата бара специфичност и центрите треба да работат токму на оспособување на децата за нивна поголема активност понатаму во животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

