Свет
Новоименувана министерка во владата на Макрон под истрага за обвинение за силување

Кризула Захаропулу, новоименуваната министерка во новата влада на францускиот претседател Емануел Макрон, е под истрага поради обвинувања дека силувала две жени додека работела како гинеколог.
Јавното обвинителство на Париз во средата потврди дека се истражуваат два случаи на можно силување на жени во гинеколошка ординација.
„ Покрената е истрага за две силувања кои наводно биле извршени во медицинската служба на осомничената Крижул Захаропулу“, објави „Дејли мејл“.
Првиот извештај е поднесен на 25 мај, а вториот на 16 јуни, а истрагата е во тек, а Захаропулу веќе е сослушана во полиција. Захаропулу е поранешна пратеничка во Европскиот парламент, родена во Грција.
Таа ѝ се приклучи на француската влада на 20 мај, пред катастрофалните изборни резултати што предизвикаа Макрон да го загуби парламентарното мнозинство. Захаропулу важи за еден од најмоќните политичари во француската влада.
Таа се истакна во 2015 година со тоа што се залагаше за подигање на јавната свест за ендометриозата, нарушување на слузницата на матката што може да има тешки последици кај жените и да влијае на плодноста. И покрај обвинувањата, 46-годишната Кризула досега ја задржа својата функција во француската влада како министерка за развој и меѓународни партнерства. Засега никој од власта не ги коментира овие наводи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден