Европа
Самит ЕУ – Западен Балкан: „Приклучувањето на Западен Балкан е геостратешка неизбежност“

Во пресрет на денешниот состанок на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан во Брисел, неколку претставници на граѓанското општество од регионот упатија апел до владите на земјите од ЕУ, како и до САД и НАТО, дека приклучувањето на Западен Балкан е геополитичка и геостратешка неизбежност со оглед на постојаните претензии на Русија за дестабилизирање на тој дел од европски континент, пренесуваат медиумите во регионот.
Иако претходно најавија бојкот на самитот, лидерите на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе присуствуваат на самитот за да разговараат за напредокот на нивните земји кон европската интеграција, пишува „Ал џезира“.
Лидерите на шесте земји од регионот на Западен Балкан се поканети на средба со лидерите на Европскиот совет на која ќе се разговара за проширувањето на Унијата.
„Ќе присуствуваме на состанокот на Европскиот совет“, напиша во средата албанскиот премиер, Еди Рам,а на „Твитер“.
Рама рече дека Западен Балкан сака да слушне како Бугарија, членка на Европската Унија, која го блокира проширувањето на Унијата кон Северна Македонија и Албанија, бара отстапки од Северна Македонија за заедничката историја, македонскиот јазик и македонското национален идентитет, потсетува медиумот.
Бугарија ги киднапира земјите од Западен Балкан и го уништува духот на Европа, напиша Рама.
Самитот ЕУ – Западен Балкан се одржува непосредно пред одвоениот самит на европските лидери, на кој ќе се разговара за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија.
Во писмото до лидерите на ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повика да дадат нов поттик на процесот на проширување и да ја подобрат „интеграцијата на нашите партнери од Западен Балкан“, пренесува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.