Европа
Шолц: Односите со Русија не можат да се вратат во состојба пред нападот на Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави на самитот на Г7, дека односите со Москва не може да се вратат во состојбата пред рускиот напад врз Украина, што доведе до долгорочни промени во меѓународните односи.
„Кога ситуацијата ќе се промени, мора да се промениме и ние“, рече Шолц на крајот од вториот ден од самитот на Г7 што се одржа во замокот на Баварските Алпи.
Шолц, кој е домаќин на овогодинешниот собир, рече дека лидерите на Г7 во понеделникот одржале конструктивни разговори со Индија, Индонезија, Сенегал, Јужна Африка и Аргентина, кои тој ги нарече „демократии на иднината“.
„Добро е, важно и неопходно е да разговараме еден со друг. Слушањето на другите создава меѓусебно разбирање и ни ја олеснува работата“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Нова експлозија одекна во Келн: изгоре кафуле среде ноќ, жителите евакуирани
Кафулето за кое се вели дека неодамна било отворено во Келн, вечерва околу 2 часот и 45 минути целосно изгорело. Пред тоа дошло до експлозија во зградата, а жителите пријавиле силен тресок во текот на ноќта.
Набргу потоа кафулето било во пламен, а прозорците биле испукани.
Зградата е евакуирана додека пожарникарите го гаснеле пожарот. Околу еден час подоцна, околу 4 часот наутро, 25 станари можеле да се вратат во своите станови.
Две лица наводно биле полесно повредени, пишува Билд.
На терен се голем број полицајци и пожарникари. Засега не е позната позадината на експлозијата, ниту е поврзана со претходните две кои одекнаа во Келн минатата недела.
Европа
(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник и целосно ќе ги одбие руските напаѓачи.
„Еден ден во оваа сала сигурно ќе се каже дека војната на Русија против Украина е завршена“, рече тој.
„И тоа ќе се случи не само затоа што некој се уморил од војна, не затоа што некој разменил нешто со (рускиот претседател Владимир) Путин. Војната на Русија против Украина ќе заврши затоа што Повелбата на Обединетите нации ќе функционира. Тоа мора да функционира. Нашето право на самоодбрана ќе надвладее“.
Советот се состана на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Vasily Nebenzya,🤡 https://t.co/w9zJc95jpM pic.twitter.com/jtWEcmOxYS
— filou (@JoelTarnawski) September 24, 2024
Додека Зеленски зборуваше, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, демонстративно ги прелистуваше документите и гледаше во неговиот мобилен телефон.
Европа
(Видео) Тинејџери запалија хеликоптер во Русија, обвинети се за тероризам
Двајца тинејџери во областа Омск во Западен Сибир се уапсени и обвинети за тероризам поради палење хеликоптер, објави прес-службата на регионалниот суд, пишува „Москва тајмс“.
Каналот на „Телеграм“, „База“, вчера објави видео на кое еден од тинејџерите признава дека упаднал во хелиодромот и го запалил хеликоптерот.
❗️🇺🇦⚔️🇷🇺 – Two 16-year-old teenagers in Omsk broke into a Russian military base and allegedly set fire to an MI-8 helicopter, local media reported.
The Russian agents claim that they acted under instructions from a curator of the Ukrainian Armed Forces, with the promise of… pic.twitter.com/DnBoPhVdRj
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) September 23, 2024
Двајцата тинејџери тврдат дека непознато лице, кое ги контактирало на „Телеграм“ и им дало инструкции, им понудило 20.000 долари.
Но, пораките наводно биле избришани, а 16-годишниците никогаш не ја добиле ветената исплата. Тие сега се соочуваат со обвиненија за тероризам и се во административен притвор од два месеца.
Ова е втор подметнат пожар на хеликоптери во Русија за еден месец.