Црна хроника
Приведен криминалец од Струмичко, кај него се пронајдени вредни археолошки предмети

На 01.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство, по претходно добиени сознанија дека кај Б.Б. (39) од с. Висока маала, општина Василево, има археолошки предмети кои се предмет на кривично дело по чл. 265 од КЗ „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, во координација со полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на патничко возило „опел вектра“ со струмички регистерски таблички, кое го управувал Б.Б..
Притоа се пронајдени 276 монети, три врвови од копје, 10 прстени, како и други предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Б.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во двор

Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во дворот на нејзината куќа.
Вчера во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект. Увид бил извршен.
Црна хроника
Полицаец издавал кога ќе има полициски и финансиски контроли по казина и локали

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ.
Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.
Црна хроника
Загина велосипедист на патот Прилеп – Битола

На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.