Спорт
Везенков пред трансфер во Сакраменто
Сакраменто Кингс го поканија бугарскиот репрезентативец, Саша Везенков да им се приклучи за време на Летната лига.
Везенков беше еден од најдобрите играчи минатата сезона во Еден од најдобрите играчи во Евролигата. Го покажа квалитетот во дресот на Олимпијакос, со кого играше на завршниот турнир.
Везенков беше избран и о идеалната петорка на Евролигата. Бугаринот во кариерата играл за Арис и Барселона.
Можно е Везенков да биде првото засилување за Сакраменто ова лето.
Во Евролигата минатата сезона бележеше 13,7 поени по меч со 5,9 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Розениор тренер на Челзи до 2032 година
Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.
41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.
„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.
Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.
„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.
Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.
Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.
Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.
Foto/ EPA
Спорт
Португалец и Аргентинец го засилија нападот на Вест Хем
Вест Хем Јунајтед вложи 50 милиони евра во двајца напаѓачи, во обид да избори опстанок во Премиер лигата. „Чеканите“ се 18-ти на табелата, со 14 поени и само три победи во првите 20 натпревари.
Нови играчи на Вест Хем се Валентин Тати Кастељанос и Пабло Фелипе.
Трансферот на Кастељанос од Лацио ги чини „чеканите“ 29 милиони евра. Овој напаѓач е еден од ретките што испеал против Реал Мадрид да постигне четири гола. Тоа беше во периодот кога играше во Џирона.
Од Џирона се пресели во Лацио, каде не успеа да се наметне. На 98 натпреври за небесносините постигна само 22 гола.
Пабло Фелипе е 22-годишник кој пристигна од редовите на Жил Висенте. Со 10 гола во 13 натпревари, тој ги одведе до четвртото место во лигата, резултат што ги надмина сите очекувања.
Тимот од главниот град на Англија плати 23 милиони евра за португалскиот играч, што е висока цена за некој што постигнал само 15 гола во својата професионална кариера до оваа сезона.
Спорт
Росениор потврди дека е новиот тренер на Челзи
Лиам Розениор ќе стане новиот менаџер на Челзи.
Сега веќе поранешниот тренер на Стразбур, ова го потврди за медиумите, дури и пред официјалното соопштение од „Стемфорд Бриџ“.
„Ова беше неверојатна можност да бидам во неверојатен клуб, кој е светски шампион и едноставно не можев да ја одбијам. А сега конечно можам да си одам дома, да ги видам моите деца. Жртвував многу за да бидам толку далеку од нив. Последните 18 месеци во Стразбур се најдобриот период од мојата кариера. Во текот на последните 18 месеци од мојата кариера во Стразбур запознав некои неверојатни луѓе и ништо од ова немаше да се случи без напорната работа на сите во клубот. Немав понуда само од Челзи, имаше и други од Лигата на шампионите, но не можев да ја одбијам оваа можност“, подвлече Розениор.
Се очекува новиот менаџер да дебитира за време на викендот во ФА Купот против Чарлтон.
Foto/ EPA

