Спорт
Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале
Контроверзниот Австралиец Ник Кирјос се пласира во четврт-финалето на Вимблдон по тешката 4:6/6:4/7:6(2)/3:6/6:2 победа над Американецот Брендон Накашима. Ова е прво четврт-финале на гренд слем турнир за Кирјос од 2015 година.
Еден ден по казната, заедно со грчкиот тенисер Стефанос Циципас по нивниот бурен меч во третото коло, Кирјос имаше лош почеток на мечот со Накашима губејќи го првиот сет со 6:4. Но, потоа неговата игра се стабилизира и тој беше супериорен со својот сервис за да поведе со 21 во сетови пред Накашима да обезбеди одлучувачки сет, во кој два брејка беа доволни за голема победа.
Кирјос го заврши мечот со 78 директни победнички топки и дури 34 аса за свое второ четврт-финале на клубот Ол Ингланд по тоа од 2014 година.
Чилеанецот Кристијан Гарин ги уништи надежите за австралиско четврт-финале и ќе се судри со Кирјос по драматичната победа над Алекс де Минаур, кој успеа да пропушти предност од два сета и не искористи две меч-топки во одлучувачкиот сет при 2:6/5:7/7:6(3)/6:4/7:6(10:6) поразот.
19. носител, Де Минаур, имаше 3:1 предност во тај-брејкот во третиот сет и 5:3 во супер тајбрејкот во петтиот сет пред да загуби по маратонски 4 часа и 36 минути.
Во четврт-финалето е и Американецот Тејлор Фриц, кој со 6:3/6:1/6:4 збриша уште еден Австралиец, Џејсон Каблер, за да обезбеди потенцијална пресметка со Рафаел Надал, кој подоцна го игра своето осмина-финале против Холанѓанецот Ботик ван дер Цандшлуп.
Свое прво четврт-финале на Вимблдон ќе игра Казахстанката Елена Рибакина откако со 7:5/6:1 ја совлада Хрватката Петра Мартиќ по 1 час и 20 минути игра. 23-годишната Рибакина, која е родена во Москва, но настапува за Казахстан, претходно имаше само една победа на трева оваа сезона губејќи во второто коло во Берлин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

