Спорт
Ѓоковиќ како „авион“ – се врати од 0-2 против Синер за ново полуфинале на Вимблдон

Походот на Новак Ѓоковиќ кон нова титула од Вимблдон продолжува, откако Србинот успеа да се врати од два сета негатива и навидум сигурен пораз за 5:7/2:6/6:3/6:2/6:2 победа над италијанската тениска надеж Јаник Синер, за кој сонот за прво гренд слем полуфинале ќе мора да почека.
Откако го загуби тесниот прв сет, Ѓоковиќ како да беше во „нокдаун“ во вториот, кој Италијанецот го освои за само 35 минути игра и изгледаше дека Синер ќе успее да ја забележи лесно својата најголема победа во кариерата. Но, Ѓоковиќ направи брејк за 3:1 водство за да го освои третиот сет, по што целосно ја презеде контролата во третиот сет и го освои со 6:2. Во последниот сет, Србинот осигура еден брејк на стартот, за да се пласира во своето 11. полуфинале на Вимблдон.
Таму ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу британската надеж Камерон Нори и Белгиецот Давид Гофан.
this Novak Djokovic shot ????
— Billy Heyen (@BillyHeyen) July 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА