Црна хроника
Холанѓанка починала во комплексот Свети Стефан во Охрид

Холанѓанка на возраст од 35 години, била пронајдена мртва во комплексот Свети Стефан во Охрид, соопшти полицијата.
Во средата, во 18.35 часот во СВР Охрид, лекар од Итна медицинска помош Охрид пријавил дека во комплексот Свети Стефан непознато женско лице не давало знаци на живот. Жената со возило била префрлена во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство. Увидна екипа на СВР Охрид извршила увид на местото на настанот и било констатирано дека се работи за Ф.С. (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија. По наредба на Јавен обвинител бил извршен увид и во собата во која престојувала починатата. Во текот на денешниот ден над телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицински центар Битола, Оддел за судска медицина./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.