Македонија
Граѓани го блокираа патот Велес – Штип, бараат од Османи да го објави протоколот
„Сакаме да влеземе во Европа со нашиот македонски јазик како Македонци, а не да нè уценуваат и да прифаќаме тоа што не сме“, порачаа учесниците во протестот во Сарамзалино, на магистралниот пат Велес-Штип, кој ќе биде блокиран еден час.
Околу 200 учесници во протестот мирно го искажаа незадоволството од францускиот предлог, кој предизвика голем револт кај граѓаните.
Тие бараат оставки од владините министри и бараат Османи да го објави билатералниот протокол кој го крие седум дена од јавноста.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црвена Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ: Вратите на Левица се отворени за сите вистински левичари
Црвената Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ“, велат од Црвената Младина.
„Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица. Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и ситр угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, соопшти Црвената Младина.
Македонија
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
Пожарот кој се случи во станбената зграда на улицата Виа Игнација број 8 во општина Ѓорче Петров е локализиран и изгаснат, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во пожарот нема повредени лица, додаде тој.
Македонија
Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска.
„Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.