Македонија
Регистрирани нови 297 позитивни случаи на ковид, починале две лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.113 тестови, а регистрирани се нови 297 случаи на Ковид-19: Скопје – 174, Куманово – 21, Битола – 17, Прилеп и Кавадaрци – по 12, Велес – 11, Гостивар – 9, Штип – 8, Тетово – 6, Струмица, Кичево и Радовиш – по 4, Кочани и Гевгелија – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Охрид, Струга, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (297), регистрирани се 69 реинфекции.
Регистрирани сe 180 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Охрид – 21, Велес – 10, Штип – 9, Струга – 8, Битола – 7, Прилеп и Кочани – по 6, Тетово – 3, Гостивар – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Неготино, Делчево и Дебар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (80г и 71г), едното лице е починато во болнички услови ,а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 29.6.2022 и 30.6.2022.
Направени се 1.113 тестови преку: ИЈЗ-133, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-19, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-34, Биотек-43, Систина-33, лабораторија Лаор-11, Синлаб-4, Ремедика-6, Плодност-3, Генеа-7, Никоб лаб-33, ВФВ Медикал-5, Ели медика плус-7, Ројал медика–1, Спектра-ММ-5, Рапид лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 509.
Досега во земјата се направени вкупно 2.088.834 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.699, бројот на оздравени пациенти е 304.777, на починати е 9.331, а бројот на активни случаи изнесува 1.591
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 149203, Активни 856
Куманово 16847, Активни 98
Битола 15911, Активни 109
Прилеп 14316, Активни 51
Тетово 13571, Активни 54
Кавадарци 10809, Активни 61
Велес 9892, Активни 52
Гостивар 9660, Активни 30
Охрид 9081, Активни 88
Штип 8151, Активни 35
Струмица 8128, Активни 24
Кичево 5680, Активни 12
Кочани 5141, Активни 21
Струга 4752, Активни 9
Гевгелија 4439, Активни 10
Неготино 3720, Активни 9
Ресен 2765, Активни 6
Свети Николе 2643, Активни 2
Радовиш 2548, Активни 17
Крива Паланка 2425, Активни 7
Делчево 1994, Активни 6
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1686, Активни 4
Валандово 1493, Активни 5
Виница 1399, Активни 1
Пробиштип 1278, Активни 8
Богданци 1027, Активни 4
Кратово 972, Активни 3
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 839, Активни 3
Македонски Брод 745, Активни 2
Демир Капија 595, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10
Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.
Во Скопје, утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има и дека техничката влада мора да остане, затоа што, таа е последната линија на одбрана од целосно заробување и злоупотреба на најважното, а тоа е слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес.
Филипче нагласи дека на Мицкоски „му се брза“ и дека „се бара алиби за распишување избори, не му треба дијалог, туку покритие.“
Во аргументацијата зошто техничката влада мора да остане, Филипче посочи дека таа може да се укине „само тогаш кога ние би биле зрело општество, а ние тоа сега во овој момент не сме.“
Причината, е што „оваа власт агресивно ги стави канџите на сите институции и ги злоупотребува во свои политички цели.“
„Не смее да се укине техничката влада, затоа што е тоа само светлина, единствена можност за честни и фер избори. Тие не ја сакаат техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа за оваа власт ќе значи отворање на пандорината кутија.“ рече Филипче.
Претседателот на СДСМ Филипче наведе дека се гледа „окупирање на правосудниот систем“ и дека „воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет и се носат измени на кривичниот закон кои што одговараат само на власта“, нагласувајќи дека „тоа не се прави случајно, се прави за да се заштити криминалот и корупцијата.“
Како дополнителен аргумент за потребата од техничка влада, Филипче посочи и конкретни примери.
„Во земјоделството видовме што се случи со ИПАРД 3, директор кој е поставен од ВМРО беше уапсен за корупција и проневера на европските пари. Тоа е една причина зошто мора да има техничка влада.“
Тој предупреди и на опасностите од партизација и злоупотреба на полицијата.
„Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата“ и дека „со Законот за полиција се оди кон целосна партизација на МВР“, при што „секој разговор за укинување на техничката влада не е само неодговорен, туку и опасен по демократијата и процесите во земјата.“
Филипче потенцираше дека „само техничка влада, која има присуство на опозицијата во владата, може да гарантира фер и демократски изборен циклус“ и дека е потребна и како институционална рамнотежа: „Техничката влада ќе гарантира некаков институционален баланс.“
Во делот за дигиталниот надзор, Филипче предупреди на ризиците од нерегулираните системи.
„Легализација на масовен надзор, преку системот Safe City, со 65 илјади камери, овозможува дигитален надзор на движењата на граѓаните“, и нагласи дека „технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби“ за следење на граѓаните или опозицијата за време на кампањата.
СДСМ останува на ставот дека техничката влада е неопходна како последна институционална брана за демократски избори и заштита од злоупотреба на државните институции, затоа што, како што порача Филипче, таа не е само „техничко тело“, туку „институционално вето против воспоставување на авторитарен режим.“
Македонија
Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Истите, денеска можат да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките.

