Спорт
Ѓоковиќ во осмо финале на Вимблдон, таму го чека човекот кого никогаш не го победил
Новак Ѓоковиќ ќе се судри со стариот познјаник Ник Кирјос во обид да стигне до својата седма титула на Вимблдон откога успеа да ги издржи притисокот и загубениот прв сет за со 2:6/6:3/6:2/6:4 да го сопре Британецот Камерон Нори во интересно полуфинале на „Централниот терен“.
Кирјос уште вчера знаеше дека ќе биде во големото финале откога Рафаел Надал се откажа од денешниот меч поради повреда на стомачниот мускул и за својот прв гренд слем трофеј во сингл ќе се бори со Ѓоковиќ, тенисер со кој честопати во минатото имаше непријателски односи, но со кого, како што самиот призна, необично се зближи по поддршката за Србинот за австралиското фијаско со депортацијата на Ѓоковиќ. За Србинот, ова ќе биде шанса да ја освои својата 21. гренд слем титула и да се доближи на само еден бод од рекордерот Надал, кој победи во Австралија и на неговиот омилен „Ролан Гарос“ оваа година.
По лошиот прв сет, во кој трипати загуби на свој сервис, Ѓоковиќ успеа да ја стабилизира играта и да израмни на 1:1 во сетови и покрај огромната поддршка што Британецот ја имаше од трибините. Серијата продолжи и во третиот сет, во кој Ѓоковиќ направи два брејка за да поведе со 2:1 пред да го реши мечот во четири сета.
Неделниот дуел во Лондон ќе биде трета пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Кирјос и неочекувано Австралиецот има 2-0 скор, со две победи остварени во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

