Спорт
Вимблдон, позади сцената: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа
Од Лондон Ненад Живановски
Себастијан Варела е 29 годишен новинар од Чиле, кој последните десетина години работи како тениски новинар (во моментов е новинар за порталот Клеј тенис од Сантијаго), иако не е фокусиран само на таа област. Неговата професионална кариера е исполнета и со други понезабавни работни ангажмани од оние што ги носат спортските приказни и патувањата по најголемите мастер и грен-слем турнири. Во 2017. година ја добил наградата за истражувачка сторија, која ја направил со неговата колешка Наталија Кореја и која се однесувала на одредени неправилности во чилеанската армија.
Овој дипломиран студент по журналистика од престижниот Универзитет Католика во Сантијаго, го запознав сосема случајно на првиот ден од турнирот во Вимблдон, кога ја правев анкетата меѓу известувачите за нивните предвидувања кој ќе го освои овогодинешниот гренд-слем во Лондон. Еден од соговорниците ми беше токму и Себастијан, кој на самиот крај од разговоро се заинтересира од каде доаѓам и за кој медиум работам. Кога слушна Македонија и Макфакс, ме изненади со неговиот коментар:
„И јас сум по потекло од Македонија, моите предци се дојдени во Чиле од Монастири“.
Иако затечен од слушнатото, веднаш знаев дека имам уште една занимлива приказна од „Вимблдон, позади сцената“, која мора да биде споделена со читатлите на Топ Спорт и Макфакс. Во продолжение следи интересната исповест на Себастијан за потеклото на неговите предци и кога и зошто „отпловил“ нивниот параход од Битола за Чиле.
„Моето потекло е еврејско и моите предци се доселиле во Македонија од Шпанија во 15-тиот век, за време на прогонот на Евреите од католичката црква. Од тогаш, тие со генерации живееле во Битола, се некаде до почетокот на триесеттите години на минатиот век, кога на мојот прадедо, кој бил трговец, му се случила голема несреќа и во пожар му изгорил целиот имот. Поради тоа, тој решил да побара некое друго место за живот каде би го продолжил животот и би почнал да го развива бизнисот од почеток. Некој пријател му кажал дека добра земја за трговија е јужниот дел од Чиле и тој решил да замине таму сам, додека неговата сопруга, а мојата прабада, со шесте деца останала да живее во Битола. После една и пол година и таа се пресилила со децата во Чиле и таму започнале нов живот од почеток, во градот Балдивија. Мојот дедо, а таткото на мојата мајка, бил седмото дете на прабабами и тој е роден во Чиле“.

Истражувајќи по своите корени, Себастијан открил дека многу од роднините на неговите предци останале да живеат во Битола и за жал сите страдале со почеток на Втората светска војна, кога Македонија била окупирана од бугарските фашисти. Голем дел од нив или биле погубени или однесени во концентрационите логори во Германија. Само еден подалечен роднина успеал да преживее.
„Гледано од подоцнежна временска дистанца, испаѓа дека несреќата на мојот прадедо да му изгори сиот имот, всушност била среќа бидејќи се отселил во Чиле. Во спротивно, најверојатно и тој со прабабами и нивните деца би страдале од нацистите“.
Во тоа време, поради семејната трагедија во Битола, но и поради состојбата во цела Европа во време на нацизмот и фашизмот, Чиле навистина претставувал ветена земја за нов почеток. Децата на прадедото на Себастија пораснале во Чиле, се школувале и почнале нов бизнис во областа на градежништво. Во раните педесети години ја формирале градежната компанија Намијас Херманос (Браќа Намијас), која денес е една од најголемите во Чиле.
Меѓутоа, колку и семејното стебло да почнало да се разгранува, а успешно водениот бизнис да пружа материјална сигурност, тие никогаш не заборавиле од каде се нивните корени и од каде стигнале во Чиле.

„Еден од моите роднини има пишувано книга за нашето родово стебло и семејна историја, која почнува од Викторија, мајката на моите прапрадедовци која живеела во Битола. Во таа книга има опишано многу детали од нивниот живот во Битола како и можни фотографии од тоа време. Сметам дека е многу важно луѓето да знаат од каде доаѓаат, и од каде им е потеклото. Тоа е причината зошто сакам да ја посетам Македонија“.
Културата на помнење е одлика на цивилизираните луѓе, а преку нив и на нациите на кои им припаѓаат тие. Дали посетата на Битола за Себастијан би претставувала само посета на уште еден град од многуте кои ги има посетено во својот живот или кај него ќе се роди посебен сентимент кога ќе прооди по улиците и сокаците по кои газеле неговите предци и кога ќе го види местото на кое била нивната родна куќа?
„Сигурно дека ќе имам посебно емотивно доживување. Некои роднини на мојата мајка веќе биле во Битола и ги посетиле деловите каде живееле нашите предци. Јас сум со авантуристички дух и многу сакам да ја посетам Битола и да чекорам по улиците за кои ќе знам дека некогаш во минатото тука чекориле и моите предци. И сигурно ќе го направам тоа. Сто проценти сум убеден“.
Како објаснува Себастијан, со кого од првиот ден почнавме да се обраќаме со „земјак“, веројатно поради неговото европско потекло, кога патува луѓето мислат дека е Италијанец или Грк, а не Чилеанец.
„Дефинитивно од сега ќе почнам да кажувам дека сум Македонец. Всушност, и порано често пати на мојот профил на Тиндер го ставав македонското знаме и луѓето мислеа дека сум од Македонија. Исто така, од сега понатака родниот град на моите предци нема да го викам Монастири туку исклучиво Битола“ – ветува Себастијан.
Разговорот го завршивме со верба во Бога за добро здравје и да се видиме на следниот Вимблдон, а потоа да се посети Македонија, и, секако, Битола.
До тогаш, како домашна задача, Себастијан прифати три обврски:
1. Да научи 100 зборови на македонски јазик.
2. Да научи да ја пее „Битола, мој роден крај“, и
3. Да се одлучи дали ќе биде навијач на Вардар или Пелистер.
Текст и фото од Вимблдон: Ненад Живановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мектоминеј го запре Интер на „Џузепе Меаца“
Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од 20-то коло од Серија А.
Нероаѕурите не го искористија вториот последователен неуспех на Милан, кој ремизираше со Фиорентина. Наполи ја прекина серијата од шест последовни победи во која се наоѓаше Интер.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра целиот натпревар, му аситираше на Скот Мектоминеј за првиот гол. Без сомнение ова беше најдобриот меч од почетокот на сезоната за Елмас. Според италијанските медиуми беше вториот најдобро оценет играч на Наполи, подобар од него беше само стрелецот на двата гола Мектоминеј.
Интер два пати водеше во дербито, но Мектоминеј не му дозовли да победи. Ди Марко го постигна првиот гол по девет минути игра, а изеднаши Шкотланѓанецот во 26-та.
Овој резултат се смени во 73-та минута кога Чалханоглу погоди од пенал. На пеналот му претходеше дуел меѓу рахмани и Мхитаријан, а судијата Довери досуди пенал по интервенцијата од ВАР собата. Поради неговата одлука бурно протестираше тренерот на Наполи, Антонио Конте, па доби црвен картон.
Осум минути подоцна, Мектоминеј изедначи на 2:2, откако ја следеше акцијата на Ноа Ланг. До крајот Интер имаше шанса за победа, но ударот на Мкитаријан во 95-та минута заврши во стативата.
Интер остана лидер на табелата со 43 поени, три повеќе од Милан и четири од Наполи и Рома.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија
Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2.
Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па на голманот на Барселона, Џоан Гарсија не му беше тешко да ги одбрани нивните удари.
Барселона првата шанса ја имаше во 35-та минута, Рафиња излезе сам пред Курота,но реализицијата на Бразилецот беше ужасна. Една минута подоцна, од многу потешка позиција Рафиња успеа да погоди.
Потоа лудница во петте минути од судиското надополнување на времето. Магичен потег на Винисиус за 1:1, брилијантна асистенција на Педри за Левандовски, чии прием и реализиција беа уште подобри и за крај гол на Гонзало Гарсија за 2.2.
Вториот дел не донесе возбудувања, имаше и еден лош период, кога играчите на двата тима со прекршоци ја сечее играта на противникот.
Моментот на одлука се случи во 730та минута, кога Рафиња со многу среќа втор пат го совлада Куртоа.
И потоа повотрно лудница во судиското надополнување на времето. Де Јонг поради груб старт врз Мбапе доби црвен картон. Рашфорд во 95-та минута имаше шанса да го реши мечот, биеше крај голот.
Во 96-та Карерас од 10 метри, не успеа да изедначи, ударот беше слаб и одеше директно во голманот на Барселона, а во 97-та минута, Раул Асенсио се обиде со глава, но и неговиот удар лесно го скроти Џоан Гарсија.
Foto/ EPA
Спорт
Крај на сезоната за Конор Бредли
Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија.
„Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, а потоа ќе започне период на рехабилитација. Во оваа фаза од процесот, не е одреден временски рок за негово враќање во игра“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Англиските медиуми објавија дека сезоната е завршена за 22-годишниот десен бек.
Потврдата за сериозноста на повредата на Бредли дојде по инцидентот во судиското продолжение. Напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, го турна дефанзивецот додека тој лежеше повреден на теренот, непосредно пред да биде изнесен на носилки.
На Мартинели му беше покажан жолт картон од судијата Ентони Тејлор, а потегот на бразилскиот крилен напаѓач беше жестоко критикуван од јавноста и предизвика гнев кај играчите на Ливерпул.
Подоцна кога дозна за сериозноста на повредата на ривалот, Мартинели јавно се извини за непримерниот гест.

