Контакт

Спорт

Ѓоковиќ ексклузивно за „Макфакс“: Во план ми е многу скоро да ја посетам Македонија и да одиграм партија тенис со Калин Ивановски

Објавено пред

НОЛЕ ГИ ПОЗДРАВИ НАВИВАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, НАЈАВИ СКОРА ПОСЕТА НА ОХРИД И ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ СО КАЛИН ИВАНОВСКИ

dobivaj vesti na viber

Од Вимблдон, Лондон, Ненад Живановски

На завршната, победничка прес конференција на Новак Ѓоковиќ, тој одговори и на две прашања на известувачот на Макфакс и Топспорт, Ненад Живановски.

– Со оглед дека најави дека од утре си на одмор, дали може да се надеваме ова лето да те видиме во Охрид, со оглед дека во Македонија сè уште не си бил, а твоите навивачи со нетрпение те очекуваат, особено после денешната, нова, седма, титула на Вимблдон.

„Се надевам дека многу скоро ќе ја посетам Македонија, и тоа ми е во план. Не знам дали тоа ќе биде сега одма, во наредните недели, но во план ми е дефинитивно. Би ги поздравил моите драги браќа и сестри од Македонија. Имам неколку пријатели од Скопје, кои постојано ми праќаат фотографии од Скопје и од Охрид и ми праќаат поддршка. Пред две години зборував и со Претседателот на Македонија да го одиграме Адриа Тур и во Македонија, но, за жал, поради короната сè се заврши како се заврши. Но тоа не значи дека нема да се игра во иднина и во Македонија. Би сакал да играм во Скопје. Сум бил во Македонија како многу малечок, одамна не сум бил и би сакал да одиграм партија тенис со новата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски. Калин е одличен, го гледам, го следам. Високо момче, добро момче, има одлична игра. Ќе го повикам на некои мои тренинзи во Белград, да изградиме некаков однос, за да му помогнам за да се домогне до некои тениски височини. И се надевам дека во тоа ќе успеам. Исто така, мојот чичко многу добро го познава неговиот татко Александар“.

Второто прашање се однесуваше на изјавата на Новак дека сè уште има мотив да игра тенис и не знае уште колку години ќе игра, така што од новинарот на Макфкас беше направена една занимлива паралела.

– Ноле, пред точно седум дена, во овие часови, Ролингстонс одржаа концерт овде во Лондон, на Хајд Парк, и нивниот официјален концертен фотограф, Бранислав Рашиќ, ми рече дека Мик Џегер никогаш не изгледал подобро на сцена од сега. Со оглед дека ти сè уште си гладен за победи и освојување гренд слемови, дали може да очекуваме и тенисот да добие свој Мик Џегер?

„Се надевам дека половина од кариерата на Мик Џегер ќе можам да имам, бидејќи тешко е да се очекува и во седумдесетите години да играм тенис. Можам да свирам и да пеам до тие години, но не и да играм тенис. Меѓутоа, немам некој лимит, ниту сакам да го имам, ниту сакам некој тоа да ми го наметнува. Тоа сите во мојот тим го знаат и тоа е забранета тема, за која не смее да ме праша никој уште колку време ќе играм или да ми наметнува негово мислење. Едноставно, ме оставаат јас тоа да го направам колку сакам и колку имам желба тоа да трае. А сигурно би требало уште да трае, кога сè уште освојувам гренд-слемови. Зошто би застанувал сега?!



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тиаго Силва се враќа во Европа

Објавено пред

Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.

dobivaj vesti na viber

Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.

Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.

Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.

Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.

Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Левандовски ке ја „жртвува“ платата за да остане во Барселона

Објавено пред

Роберт Левандовски не сака да ја напушти Барселона и верува дека сè уште има вештини да остане барем уште една сезона.

dobivaj vesti na viber

Според денешните информации од каталонските медиуми, неговиот агент Пини Захави бил во Барселона за време на викендот и во таа прилика се сретнал со Џоан Лапорта.

Не е тајна дека Захави и Лапорта се во одлични односи, па Левандовски сакал да го искористи тоа за што поскоро да го дознае својот потенцијален статус, но и да порача преку својот менаџер дека е подготвен да прифати значително намалување на платата за да остане до летото 2027 година.

Кога Полјакот пристигна во Барселона во летото 2022 година како профилиран напаѓач и еден од најдобрите во Европа, тој доби огромна плата, која дури и растеше со текот на времето, па сега е убедливо најплатен во тимот, иако е и најстар.

Левандовски е под договор до јуни 2026 година и сака да потпише за уште една сезона со значително намалување на платата, што би можело да биде клучен чекор во преговорите со Лапорта.

Да потсетиме, Барселона сè уште има проблем со финансискиот фер-плеј, и не е во можност да сонува за скапи засилувања, а Левандовски ја прифаќа улогата од клупата и да биде план Б, зад Феран Торес.

Прикажи повеќе...

Спорт

Зидан се договорил со Фудбалската федерација на Франција

Објавено пред

Зинедин Зидан постигнал договор да ја преземе француската репрезентација, тврди фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.

dobivaj vesti na viber

Многу пати, познатиот фудбалер нагласувал дека негов голем сон е да ја води фудбалската репрезентација на Франција.

Сонот ќе му се оствари, бидејќи Зидан се смета за единствен наследник на Дидие Дешан на таа позиција.

Дешан веќе објави дека ќе се повлече од селекторската позиција по Светското првенство, и може да се каже дека Зидан е најблиску до селекторската функција.

Поранешниот светски и европски шампион со француската репрезентација во својата кариера го водеше само Реал Мадрид, со кого успеа да освои три последователни Лиги на шампиони, што никој друг не успеа.

Од 2021 година, кога се раздели со „кралскиот клуб“, во својот втор мандат, тој немал клуб.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет48 минути

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет3 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет4 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија7 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија8 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија10 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет10 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет13 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа13 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија13 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет14 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет14 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет15 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ1 ден

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија1 ден

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...