Македонија
СДСМ: Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести
Од партијата на власт со реакција дека веќе 7 дена, како што велат, Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести, со кои сакаат да предизвикаат тензии во државата. Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левицата, помогната од Алијансата за Албанците, се обиде среде Скопје да испровоцира меѓуетнички конфликт од огромни размери, додаваат од таму.
„Инциденти и обид за реприза на 27 април имаше пред зградата на Собранието, како и обид за насилен упад пред зградата на Владата. Антиевропската коалиција направила измислен, анонимен имејл, како параван и праќа фотографии во медиумите од протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левицата. Посебна тема е злоупотребата на деца на фотографиите што се лиферуваат од измислениот имејл“, се посочува во соопштението од страна на СДСМ.
Прашуваат зошто антиевропската коалиција има потреба да се крие кога целата јавност знае дека ВМРО-ДПМНЕ и Левицата се организатори?
„Ако Мицкоски и Апасиев мислат дека на овој начин ќе се спасат од одговорност за насилствата, се лажат. Јавноста сè уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки, со овие настани? Дали токму Ковачки коорднирал група поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?“, прашуваат од владејачката партија.
Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија, потенцираат од СДСМ, мора да понесат сите инволвирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Аеродром без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, бул.3-та Македонска бригада (кај ресторан Дион) ( општина Аеродром ).
Македонија
Сончево време со температура до 16 степени, од петок дожд и снег
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени, jавува УХМР.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури. Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места.
Македонија
(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси
Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.
„Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купиме 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот, што ги најдовте, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра“, рече Битиќи.
Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.
„Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за да денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџет.