Европа
Ванг Ји: Земјите да избегнуваат да бидат користени од големите сили како шаховски фигури
Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, предупреди за време на политичкиот говор во главниот град на Индонезија дека земјите треба да избегнуваат да бидат користени од големите сили како шаховски фигури во регионот, каде што геополитичките фактори ризикуваат да се преобликуваат.
Говорејќи во секретаријатот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија во Џакарта, Ванг рече дека многу земји во регионот се под притисок да заземат страна, пренесува „Ројтерс“.
„Треба да го изолираме овој регион од геополитичките пресметки за да не се користат земјите како шаховски фигури во големо ривалство и да се спасат од принуда“, изјавил Ванг додавајќи дека иднината на регионот треба да биде во нивни раце.
Југоисточна Азија долго време е област на геополитичко триење меѓу големите сили, со оглед на нејзината стратешка важност, при што некои земји во регионот се претпазливи да избираат страни во сегашното ривалство меѓу САД и Кина, наведува британската агенција.
Говорот на Ванг според новинарските извештаи доаѓа само неколку дена откако тој присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 на Бали.
Ванг на маргините на самитот на Г20 одржа петчасовна средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и протоа и двајцата ги опишаа нивните први разговори лице в лице од октомври минатата година како искрени.
Ванг денеска изјави дека му рекол на Блинкен оти двете страни треба да разговараат за воспоставување правила за позитивни односи и заеднички да го поддржат регионализмот во Азиско-пацифичкиот Регион.
„Клучните елементи се поддршка на централноста на АСЕАН, поддршка на постојната регионална корпоративна рамка, почитување на легитимните права и интереси на едни со други во Азиско-пацифичкиот Регион наместо да се стремиме кон антагонизирање или ограничување на другата страна“, изјавил Ванг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.
Европа
Лавините на француските Алпи убија тројца скијачи
Тројца скијачи загинаа вчера во одделни лавини на француските Алпи, само еден ден откако три други лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми.
Во Ла Плањ, британски државјанин, на возраст од околу 50 години, беше затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека 52 спасувачи, кучиња-трагачи и хеликоптер биле вклучени во потрагата и дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат маж под 2,5 метри снег, но не можеле да го спасат.
Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, според извештаите.
Регионалниот дневен весник „Le Dauphiné libéré“, исто така, објави за неколку повредени скијачи и сноубордери.
Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорцин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од стазата кога лавина го исфрлила во дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.
Властите повикаа на претпазливост
Еден ден претходно, уште три лица загинаа во истиот регион.
Во неделата беа пријавени неколку лавини низ Савој, што ги натера локалните власти да ги повикаат жителите и туристите да бидат „екстремно внимателни“ и да не излегуваат надвор од назначените скијачки патеки.
Европа
Британски скијач загина во лавина на француските Алпи
Британски скијач загина вчера во лавина во Француските Алпи. Несреќата се случила додека мажот, за кој се верува дека е во педесеттите години, скијал надвор од пистата во популарното одморалиште Ла Плањ, објави Скај њуз.
Обемна операција за спасување
Спасувачките екипи беа повикани на лавината попладнето во 13:57 часот и веднаш се упатија кон местото на настанот во југоисточна Франција. Голем тим од 52 лица, вклучувајќи медицински персонал и инструктори за скијање, беше вклучен во потрагата, а со хеликоптер беше донесено и куче трагач.
И покрај брзата реакција, Англичанецот беше пронајден дури по 50 минути пребарување, закопан под 2,5 метри снег.
Скијал без потребната опрема
Според соопштението од одморалиштето, човекот што починал бил во друштво на група, но не бил опремен со примопредавател за лавина ниту бил придружуван од професионален инструктор. Скијачкиот центар Ла Плањ изрази сочувство до семејството на починатиот.

