Македонија
Апелација му ја зголеми казната затвор на возачот што ја прегази девојката кај „Сити мол“
Апелација му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев, кој смртоносно ја прегази Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Од судот потврдуваат дека казната е зголемена за една година од првичната изречена, која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната за една година детаљно ќе бидат образложени во пресудата, која треба да биде јавно објавена.
„Одредени се четири години затворска казна“, велат од Апелација.
Претходно, Кривичниот суд му одреди тригодишна затворска казна на возачот Јродан Ѓоргиев. Судијката Љубинка Башевска ја изрече казната по само едно рочиште, на кое обвинетиот ја призна вината. Возачот останува во затворот во Шуто Оризари. Според судијката, Ѓоргиев не се придржувал на прописите за сообраќајот, не обрнал внимание на пешаците, а возел и со недозволена брзина.
Сообраќајната несреќа, во која загина 24-годишната Викторија Николова, а нејзиното момче Леонид Даов беше повреден, се случи на 20 јануари на раскрсницата кај „Сити мол“. Возачот Јордан со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, удри во двајцата пешаци што поминувале улица. Според обвинението, возачот не обрнал внимание дека семафорите се исклучени, со тоа, иако бил должен, тој не ги пропуштил пешаците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

